Домување

Сите сакаме просторот во кој живееме, било да е тоа стан, куќа или нешто друго, да изгледа најдобро и да се чувствуваме удобно во него.
Ако сакате да додадете доза гламур во вашиот дом или сакате тој да изгледа луксузно, експертите за ентериер имаат неколку совети.
Наведуваме некои од нивните совети за сите оние што сакаат нивниот дом да изгледа полуксузно отколку што навистина е:
Користете неутрални тонови, украсете го просторот со растенија, додајте златни детали (украси, свеќници, подлошки…).
Измешајте различни текстури, инвестирајте во украсни перници, а може да додадете и ѕид-галерија.
Инвестирајте во квалитетен тепих, отстранете ги непотребните парчиња, надградете го вашиот дом со интересни украси, како свеќи и мирисливи стапчиња, и изложете антиквитети, се разбира доколку ги имате.