Фото: Пиксабеј

Медицински совет

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, се јавува кога на телото му треба многу сила за да ја турка крвта низ артериите, поради што срцето работи понапорно. Ризикот од срцев удар и мозочен удар се зголемува, па затоа е важно да ги знаете вредностите на крвниот притисок и да преземете мерки доколку забележите зголемување. Не треба веднаш да размислувате за лекови, особено ако штотуку сте наишле на овој проблем, бидејќи постојат и природни решенија што можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок.
Постои диета што го намалува крвниот притисок, а во неа треба да се фокусирате на внесувањето овошје и зеленчук (4-5 порции на ден), интегрални житарки (6-8 порции на ден) и протеини (до шест порции на ден). Диетата препорачува и намалено внесување заситени и трансмасти, преработена и засладена храна, прекумерно количество сол (ограничете се до 1.500 мг дневно). Проверете ги етикетите за содржината на сол, исплакнете ја конзервираната храна пред да ја консумирате, гответе дома наместо да јадете готови оброци и користете зачини наместо сол.
Во намалување на крвниот притисок помага и сокот од цвекло, сливи, моркови и калинка, зелен и црн чај. Исто така и некои додатоци во исхраната можат да помогнат во регулирањето на крвниот притисок, но тие треба да се земаат по консултација со лекар, на пример екстракт од лук и витамин Ц. Се препорачува и најмалку 150 минути умерена активност неделно. Тоа може да вклучува брзо одење, пливање, џогирање. Недостигот од сон може да го зголеми крвниот притисок и да ја намали способноста на телото да ги регулира хормоните на стресот. Затоа треба да се следат советите за подобар сон. Одржувајте редовен распоред за спиење и избегнувајте оброци и кофеин пред спиење.
Контролата на крвниот притисок бара здрав начин на живот, редовна физичка активност и урамнотежена исхрана. Доколку е потребно, лекарот може да вклучи и одредени лекови. Раното препознавање и дејствување се клучни за одржување на здравјето на срцето и крвните садови.