„Рекански порои“ ги поттикнува децата и младите на творештво
Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај „Рекански порои“ објавува конкурс за избор на детски поетски творби што ќе станат дел од второто издание на стихозбирката „Жуборења од Радика 2022“.
Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, а мотивот по избор на учениците.
Право на учество имаат сите ученици од основните и средните училишта!
Ученици, веруваме во вас! Отворете ги срцата и пишувајте за сè што претставува ваш предизвик и ве исполнува.
Творбите треба да се испратат со следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште и одделение, име и презиме и контакт телефон на менторот, на следната електронска адреса: [email protected] (најдоцна до 28.8.2022).
Изборот на најдобри и наградени творби ќе го направи жири составено од следните членови:
– Горјан Петревски (писател за деца и млади);
– Сара Марковска (поетеса);
– Коце Тапшановски (професор по македонски јазик).
Најдобрите учесници ќе бидат наградени со дипломи, признанија, книги, летување во Охрид и уште многу други награди.
Завршната манифестација ќе се одвива во селото Жировница, на средината на октомври. (Датумот ќе биде дополнително објавен на нашата фејсбук-страница.)
Лице за контакт: Рамазан Раманоски, професор по македонски јазик
телефон: 070-229-659