Излезе трејлерот од новото остварување на Демијан Шазел, режисерот на филмот „Ла ла ленд“. Станува збор за „Прв човек“, биографска приказна за астронаутот Нил Армстронг и неговата подготовка за патувањето на Месечината.
Рајан Гослинг е избран да го глуми Нил Армстронг во филмот што се заснова на авторизираната биографија, под наслов „Прв човек: животот на Лин А. Армстронг“.

Освен што оваа книга го раскажува животот на астронаутот, филмот го обработува периодот од 1961 до 1969 година, опфаќајќи многу подеми и падови во вселенската трка. Филмот е предвидено да се емитува во кината од 12 октомври.