Четворица мртви и десет ранети на семеен собир во Калифорнија

Четири лица се убиени, а 10 се ранети во пукотница за време на семеен собир во свечена сала во Стоктон, Калифорнија, објавија ноќеска официјални лица од канцеларијата на шерифот, пренесуваат американските медиуми. Меѓу жртвите има деца и возрасни, потврди Хедер Брент, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Сан Хоакин. Првичните информации „сугерираат дека ова можеби бил намерен инцидент“, рече Брент...

Бројот на палестински жртви од почетокот на војната во Газа надмина 70.000

Министерството за здравство во Газа денеска објави дека бројот на палестински жртви надмина 70.000 од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас. Бројот на жртви продолжи да расте откако најновото примирје стапи на сила на 10 октомври, потсетуваат американските медиуми. Израел продолжува да изведува напади како одговор на тоа што го нарекува прекршување на примирјето, а телата од...

Направени прегледи на преку 70 пациенти во рамки на месецот на машкото здравје

Повеќе од 70 пациенти денеска во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје направиле ЕХО и уролошки прегледи во рамки на акцијата посветена на Ноември – месецот на машкото здравје, познат и како Мовембер. - Не само ноември туку и секој месец да биде како ноември. Мажите да се свесни за своето здравје, поготово постарата...

ЦУК соопшти за поплавување на простории и дворови во општина Чешиново – Облешево и околните села

Обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија источниот регион од земјава, утрово предизвикаа поплавување на простории и дворови во повеќе објекти на различни локации во општина Чешиново – Облешево и околните села - соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Според податоците добиени од градоначалникот на Општината, Далибор Ангелов, директорот на ЦУК информира дека локалната...

Во Грузија уапсен лидерот на опозициската Граѓанска партија за предизвикување пожар во Градскиот суд во Тбилиси

Лидерот на грузиската опозициска Граѓанска партија, Александар Елисашвили, денеска е уапсен под сомнение за обид за палење на зградата на Градскиот суд во Тбилиси - објави Министерството за внатрешни работи. Во соопштението на министерството на Фејсбук се вели дека Елисашвили рано утринава со чекан  скршил прозорец од зградата на судот, потоа влегол во една од канцелариите на судот во Тбилиси...

Aнализите на водата во ОУ „Димо Хаџи Димов“се во рамките на реферетните вредности, соопштија од Институтот за јавно здравје

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и оти физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа на водата се во рамките на реферетните вредности. Тешки метали во мострите од вода не се пронајдени. - Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храна и работни површини...

Пензионерите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Пенизонерите кои се за линеарно зголемување на пензиите денеска од Штип порачаа дека во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел како што велат да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Тие на денешната прес-конференција повикаа на масовност, со цел заеднички да се изборат за нивните права. -Во понеделник во 11 часот...

Кина почнува инспекција на стандардите за почитување на противпожарната безбедност по пожарот во Хонг Конг

China Hong Kong
Кина ќе спроведе голема инспекција на стандардите за почитување на противпожарната безбедност во високите згради низ целата земја откако пожар во Хонг Конг одзеде најмалку 128 животи, преземајќи мерки за да спречи уште една слична катастрофа во земјата - јавија светските агенции. Посебно внимание ќе се посвети на зградите што треба да се реновираат. Мораме да го зајакнеме управувањето со...

Македонците во Хрватска одбележуваат годишнина од „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб денеска во хрватскиот град Самобор ќе органзираат културна манифестација по повод 86-годишнината од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на поетот Кочо Рацин. Како што најавија организаторите, ќе бидат положени венци пред бистата на Рацин во Самоборскиот музеј  каде што предавање за неговиот живот и дело ќе одржат професорите...

Рустем Умеров назначен за шеф на украинската делегација за преговори во САД

Rustem Umerov
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, е назначен за шеф на украинската делегација што патува во САД на мировни преговори - објави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесе „Танјуг“. Во порака објавена на мрежата „Икс“, Зеленски денес изјави дека украинските преговарачи се „на пат кон САД за да ја завршат војната“. Делегацијата ги вклучува шефот на...