Криумчар превезувал седум илегални мигранти од Египет

Полицијата рано изутринава кај наплатната рампа Романовце лишила од слобода возач и седум илегални мигранти од Египет. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Како што се посочува во информацијата од МВР, околу 2:10 часот на 30 ноември, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица...

Јаневска: Проблемот со „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво...

Илир Демири ќе делува како независен пратеник, информира Собранието

Промените што се случуваат во коалициите и политичките партии, особено во блокот на партиите на Албанците, по резултатите од локалните избори почнаа да се одразуваат и во парламентарното мнозинство. Синоќа од Собранието информираа дека пратеникот Илир Демири го известил претседателот на законодавниот дом дека ќе дејствува како независен пратеник. Демири во Собранието беше дел од пратеничката група на Европскиот фронт,...

ИЈЗ: Годинава регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија

Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА. ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во...

ТАВ Аеродроми: Инвестиравме 3,8 милиони евра во модернизација на патничките услуги на Меѓународниот аеродром Скопјe во 2025 година

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава. Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром Скопје реализирани се значајни проекти со инвестиции во вкупен износ од 3,8 милиони евра со една цел - подобрување на ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на...

ГОК Борец со пресврт до победа во Василево

Одбојкарите на ГОК Борец со пресврт стигнаа до победа од 3:1 на гостувањето кај Сушево во Василево, во седмото коло од Првата лига мажи. Сушево уште еднаш сезоната потврди дека ќе биде незгоден противник, особено на домашен терен и дека не признава фаворити, но немаше сили за изненадување. Гостите во следните три сета наметнаа свое темпо на игра и...

Владата во Никарагва ослободи околу 40 политички затвореници

Властите на Никарагва ослободија околу четириесет политички затвореници, наведоа активисти од оваа земја. Ослободените затвореници ќе останат во домашен притвор и ќе мора редовно да се јавуваат во полиција. Алфредо Гутиерез, координатор на партијата Либерали Никарагва, чие седиште е надвор од земјата, рече дека активистот Хозе Алехандро Хуртадо е меѓу ослободените затвореници. Според извештаите од Меѓуамериканската комисија за човекови права, Хуртадо...

Протест во Тел Авив: Семејствата ги бараат телата на двајцата преостанати заложници

Илјадници демонстранти се собраа синоќа во Тел Авив барајќи го враќањето на телата на преостанатите двајца киднапирани заложници што Хамас досега не ги вратил на нивните семејства, иако тоа беше предвидено во мировниот договор на кој се согласи. По размената на киднапирани и притворени лица, меѓународните сили треба да пристигнат на терен за да го контролираат разоружувањето на Хамас, што...

Зошто никој не може да ги спречи масовните киднапирања во Нигерија?

Вооружени лица киднапираа повеќе од 300 деца и персонал од католичкото приватно основно и средно училиште „Света Марија“ во Нигерија на 21 ноември. Ова беше трето вакво злосторство што се случува во земјата во рок од една недела. Киднапирањето за откуп од страна на криминални банди стана голем проблем во многу делови од Нигерија. Поминаа повеќе од десет години откако...

Безбедносен суверенитет

Повеќеслојноста на македонскиот суверенизам (5) Темелниот принцип на меѓународното право дека секоја држава има врховна власт на својата територија и е ослободена од мешање во внатрешните работи (како што е признаено во принципот на суверена еднаквост на Повелбата на ОН) ја претставува основата на политиката за националната безбедност на секоја држава. Принципот на безбедносниот суверенитет, односно на суверената грижа...