Силјановска-Давкова: Треба да сториме сѐ за да може да озвозможиме еднаквост во шансите на лицата со попреченост

Потребни се законски измени, институционални измени и измени во свеста на луѓето, порача денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која по повод 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост го посети Државното средно училиште со ресурсен центар „Партенија Зографски“ Скопје, кое неодамна го одбележа својот 70-годишен јубилеј. Таа посочи дека во светот има околу 15 отсто лица со посебни потреби...

„Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност“

РАЗГОВОР СО ТОНЕВ, ГЛАВЕН ИНЖЕНЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО „БУЛМАК 2016“ Првиот чекор во подземен рудник никогаш не е директно кон јамата. Првиот чекор е кон обуката, независно дали станува збор за млад практикант, студент на магистерски студии, нов вработен, инженер, надворешен изведувач или гостин кој само накратко ќе прошета низ погоните. Никој не влегува во Рудникот Злетово без да ги...

Белгија го отфрли планот на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина

Белгија денеска го отфрли планот на Европската Унија за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, велејќи дека шемата носи значителни финансиски и правни ризици. - Текстот што Европската комисија ќе го презентира денеска не ги решава задоволително нашите загрижености - изјави белгискиот министер за надворешни работи Максим Превост утрово пред состанокот на НАТО во Брисел, објави Блумберг. Поголемиот...

Месаровиќ: Македонско – српскиот бизнис форум круна на интензивната соработка меѓу двете држави

Македонската и српската економија се компатибилни, меѓусебно се надополнуваат и постои простор за уште посилна соработка, како во традиционалните сектори, така и во новите економски области. Тоа го покажува растот од скоро 16 отсто извоз на Србија во Македонија во првите девет месеци споредбено со истиот период лани, истакна потпретседателката на српската Влада и министерка за економија Андријана Месаровиќ...

Судскиот совет ја усвои програмата и акцискиот план за спречување и следење на корупцијата во судството

Судскиот совет на Република Северна Македонија едногласно со десет гласа „за“ ја усвои Програмата и Акцискиот план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски на почетокот на седницата појасни дека предлог-програмата и акцискиот план се важен чекор за правосудниот систем и за европските интеграции на нашата држава и дека при дефинирање на...

Во Прилеп одбележан 3 декември – меѓународниот ден на лицата со попреченост

„Секој човек, без разлика на неговите способности, има право на достоинствен живот, на еднакви можности и на активно учество во заедницата.“. Ова меѓу другото беше посочено денеска во Прилеп на одбележувањето на 3 Декември - меѓународниот ден на лицата со попреченост, при што беше одржана пригодна културно уметничка програма. -Овој ден не е потсетник туку наша обврска. Обврска да градиме...

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК

Собранието на денешната седница го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Од вкупно 82 пратеници кои гласаа, Чучуљ доби едногласна поддршка со 82 гласа. Пратеникот Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги колегите да го поддржат кандидатот, истакна дека „Чучуљ навистина може да ги зајакне капацитетите и репутацијата на ДКСК“. Чучуљ е дипломиран правник...

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција

Поранешната висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска и официјално е обвинета за процедурална измама и корупција во врска со договорот за обука на идни дипломати во академијата „Колеџ Европа“, која сега ја води. Могерини беше уапсена вчера и приведена на испрашување од страна на белгиската полиција, а во текот на ноќта беше ослободени...

Членките на НАТО под засилен притисок за поголемо учество во шемата за воена помош на Украина

Земјите-членки на НАТО се под засилен притисок да го зголемат своето учество во шемата за набавка на американско оружје и опрема за потребите на Украина, брифираат дипломатски извори во Алијансата. Токму ова прашање е една од главните теми на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во Брисел, на кој учествува и шефот на македонската дипломатија...

РКЕ: Регулаторната комисија да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата – е пораката од тркалезна маса „Иницијатива за промена на постапката за утврдување на тарифите за водни услуги и влијанието на соодветните тарифи врз најгорливите проблеми со кои се соочуваат комуналните претпријатија“ во организација на Здружение на даватели на комунални услуги – АДКОМ, се наведува...