Нема продолжување на зимскиот распуст, пикот на вирусот на грип на крајот на месецот до средина на февруари, истакна Кочински

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 заболени од грип, што е за 34,6 проценти повеќе во однос на претходната недела. Има средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Има зголемен број заболени, но тоа е очекувано за овој период од годината. Очекуваме бројките и во наредниот период да растат и да се движат во овој...

Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски, констатираа Николовски и Агелер

Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите што влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучиле заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска, на средба во Министерството за транспорт. - Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка -...

Бебето што почина во Кавадарци било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата

Бебето што почина во Кавадарци, во болницата било примено поради обилно повраќање по хранење, соопштија денеска од болницата, откако СВР Велес информираше за смртта на двомесечното бебе и дека неговото тело е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Во соопштение до јавноста, директорката Гордана Ѓорчева-Камчева изрази сочувство до родителите и појасни каква била здравствената состојба на...

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа. - Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307 - се наведува во соопштението од...

Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош од МНР

Ниту еден македонски граѓанин на територија на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ), а  шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски уверува дека сите ресурси се подготвени доколку има потреба од евакуација и покрај тоа што немаме резидентно дипломатско конзуларно претставништво во таа држава. - Во моментов од нас не е побарана помош...

Џемини АИ ќе го напоjува асистентот Сири

Техно „Епл“ и „Гугл“ склучија повеќегодишен договор, според кој следната генерација на Епл фоундејшн моделс ќе биде базирана на моделите Џемини и технологијата на облак на „Гугл“, се наведува во дел од краткото соопштение за медиумите со кое се објавува договорот. Овие модели ќе помогнат во развојот на идните функции на Епл интелиџенс, вклучувајќи го и поперсонализираниот Сири, кој ќе...

Како да се вратите на редовните обврски по празниците?

Многумина се чувствуваат неподготвено да се вратат на своите обврски по празник или одмор. Ако започнете со мали промени, наскоро ќе се чувствувате многу подобро, затоа применете ги советите на искусни психолози. Празниците завршија, а вие се чувствувате како да сте сè уште на одмор или во празнична лудост? Можно е вашата мотивација да е на нула, а мрачното и...

Одлуката на САД за визниот режим е само за иселенички визи, не и за останатите, вели Муцунски

 Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за студенти, стопанственици, туристи и слично - појасни денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на...

Конзервансите го зголемуваат ризикот од рак и од дијабетес

НОВИТЕ СТУДИИ ПОКАЖУВААТ Вообичаените конзерванси што се користат за зачувување на храната и продолжување на рокот на траење може да бидат поврзани со поголем ризик од неколку вида рак и дијабетес тип 2, покажуваат две нови студии од Франција. - Ова се многу важни резултати за конзервансите, кои се користат нашироко не само на францускиот и европскиот пазар туку и во...

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши

Новоизбраните членови на Судскиот совет, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, денеска во Собранието дадоа свечена изјава пред претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Претседателот на Судски совет, Александар Камбовски им честита на новите членки. Потенцира дека тие се додадена вредност на Советот и оти институцијата ќе може да застане на здрави нозе и да ја остварува својата...