Трилатералните разговори беа конструктивни, следната недела се можни нови средби во ОАЕ, изјави Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле „конструктивни“, дека на нив биле дискутирани параметри за завршување на војната и дека следната недела би можеле да се одржат нови состаноци.
Во објава на Телеграм, Зеленски, исто така, рече дека украинските воени претставници идентификувале список на прашања за дискусија...
Снежни бури и поројни дождови во Авганистан, најмалку 61 лице го загуби животот, а 110 се повредени
Најмалку 61 лице го загуби животот во обилните снежни врнежи и поројни дождови во Авганистан во последните три дена, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националната служба за управување со катастрофи.
Според податоците, уште 110 лица се повредени, а 458 куќи се делумно или целосно уништени, а северните и централните делови на Авганистан се најтешко погодени, според мапата објавена од метеоролозите...
Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, работник и интелектуалец, рече Филипче
Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата - изјави претседателот на партијата, Венко Филипче, во неговото обраќање на почетокот од 31. Конгрес што денеска се одржува во Скопје.
– За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре. Знам дека во...
Најмалку десетмина го загубија животот во свлечиште во Индонезија, 89 се водат како исчезнати
Најмалку десет лица го загубија животот, а 89 се водат како исчезнати во свлечиште во покраината Западна Јава во Индонезија - соопшти денеска Индонезиската агенција за ублажување на катастрофи.
Портпаролот на агенцијата, Абдул Мухари изјави дека свлечиштето е предизвикано во регионот Западен Бандунг во покраината Западна Јава во Индонезија по обилните дождови.
Мухари најави дека денеска ќе биде интензивирана операцијата за пребарување и...
Мултилатерализам наспроти протекционизам
Контрастни разлики во реториката на двете најголеми светски економии во Давос
Официјалното мото на штотуку завршениот Светски економски форум во Давос гласеше „Дух на дијалог“, резонира со пристапот на Кина на самитот, со залагање за мултилатерална соработка и колаборативни решенија за светските предизвици. САД, претставени од претседателот Доналд Трамп, пак, прикажаа смела визија заснована врз убедувањата во американско лидерство,...
Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
Уставниот суд на Република Македонија поведе постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување, поради сомнеж дека одредбата е нејасна, непрецизна и создава правна непредвидливост во спроведувањето на извршните постапки. Судот оцени дека постои основано прашање дали со оспорените законски решенија се ограничува можноста за ефективно остварување на паричните побарувања кон државните органи, општините и...
МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.
Како што информираа од Министерството, ективностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 8 до 20 часот, при што на секоја...
Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката, смета Божиновска
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста...
Апликациите за вештачка интелигенција се прошируваат во клучни индустрии
Кина е дом на над шест илјади фирми за вештачка интелигенција
Кина минатата година имаше повеќе од 6.000 претпријатија за вештачка интелигенција (ВИ), додека се очекуваше обемот на основната индустрија за вештачка интелигенција во земјата да надмине 1,2 билион јуани (околу 171,39 милијарда американски долари) минатата година, соопшти Министерството за индустрија и информатичка технологија.
Во 2025 година, кинеските компании објавија повеќе...
Способностите на кинеските хуманоидни роботи го воодушевуваат светот
На почетокот на месецов, видео на кое е прикажан хуманоиден робот од моделот Т800 развиен од кинескиот стартап за роботика „ЕнџинАИ“ (EngineAI Robotics Technology), со седиште во Шенжен во јужна Кина, стана вирално на социјалните мрежи. Снимката го прикажуваше Т800 висок 173 сантиметри како течно изведува напредни движења на боречки вештини, како што се удари со тупаници и пет...







































