Мареска: Трудот од сите фудбалери беше фантастичен

Успехот на Челси се одрази и на индивидуалните награди, па Палмер е најдобар фудбалер на финалето и на турнирот, а Санчез е најдобар голман на СП 2025. Челси сезонава славеше во Конференциската лига на УЕФА и вторпат ја освои светската титула, со што сега има вкупно 11 меѓународни трофеи ЧЕЛСИ ОДНОВО Е СВЕТСКИ КЛУПСКИ ПРВАК Кол Палмер постигна два гола и...

Тринаесет кукли Иванки изработија вештите рачиња на младите од Ресен и од селото Јанковец

НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА ЗА ПРАЗНИКОТ ИВАНДЕН Во организација на домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен, а со поддршка на локалната самоуправа и Министерството за култура и туризам на Македонија, минатата седмица се одржа традиционалната манифестација „Иванка“, која е дел од богатата празнична култура и препознатлив белег на градот. Правењето кукла Иванка е обичај што е карактеристичен за празнување на Иванден...

Клокотење во Брисел

Реформирањето на огромниот буџет на ЕУ би можело да прерасне во големо фијаско на политиката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, судејќи според последните недели со жестоки преговори за седумгодишниот план за трошење од 2028 година. Токму во еден ваков редослед на настани, реномираниот магазин „Политико“, дијагностицирајќи го ваквиот предизвик како екстремно сериозен, предупредува дека...

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Од денеска до 31 јули трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови низ државава за академската 2025/2026 година за студентите од втора и повисоките години на додипломски студии и за апсолвенти. Рокот за пријавување за прием во студентските домови за студентите од прва година ќе почне по завршувањето на уписниот рок на факултетите во август,...

Големи поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба

Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на САД, додека во Њу Џерси е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави. Предупредување за поплави беше на сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат подруми и ниски подрачја, пишува Индепендент. На социјалните мрежи...

Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц. -Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија...

Читањето ја зголемува емпатијата и е лек против осаменоста

Сведоци сме дека младите луѓе, особено оние во текот на школувањето, читаат сѐ помалку. Така, лектирите, кои секогаш биле задолжителни и кои порано се голтале во периодот на адолесценцијата, сега стануваат досадни, па учениците се служат со разни манипулации за да бидат оценети позитивно. Така, постојат на интернет разни скратени верзии во кои компјутерот го раскажува она што е...

Иранците не веруваат во примирје со Израел, подготвени се за различни воени сценарија

Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, вчера изјави дека Исламската Република не верува во актуелниот прекин на огнот со Израел и веќе подготви неколку воени сценарија во случај на обновување на непријателствата, пишува Иран Интернешнл. -Исламската Република не верува во прекин на огнот - рече Насирзаде во телефонски разговор со турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулер, пренесува државната агенција ИРНА....

Романската влада го преживеа гласањето доверба и ги зголеми даноците

Три недели старата коалициска влада на романскиот премиер Илија Боложан синоќа го преживеа гласањето доверба, што ѝ овозможи да ги протурка непопуларните зголемувања на даноците потребни за намалување на најголемиот буџетски дефицит во Европската Унија. Владата забрзано, преку парламентот, ги усвои зголемувањето на ДДВ, на акцизите и другите давачки од август со цел да се спречи намалувањето на рејтингот под...

Физичката активност во позрели години го намалува ризикот од прерана смрт

Вежбањето во текот на зрелоста го намалува ризикот од прерана смрт за 30-40 проценти, а секоја физичка активност е подобра од никаква, покажа студија. Иако долгорочните добри навики носат најголеми придобивки, усвојувањето поактивен начин на живот во која било фаза од зрелоста го продолжува животот, што укажува дека никогаш не е предоцна да се биде здрав, велат истражувачите. Општо земено, физички...