Сашко Коцев: Политиката може да биде театар со заткулисните игри

Политичката состојба можеби токму сега го има најсилното влијание, па затоа политиката може да биде театар со своите бројни заткулисни игри. Но театарот не смее да се претвори во политика. Нашата игра е отворена, истакнува актерот Сашко Коцев кој оваа година е автор на македонската порака по повод Светскиот ден на театарот 27 Март. Во услови на исклучително загадена духовна...

Викендов во Скопје 27 сообраќајки, едно лице загинато

Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајки случени во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во една сообраќајка со тешки телесни повреди се здобил пешак, а во девет со полесни повреди се здобиле девет лица. Во 16 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет...

Захарова: Лондон како доверливи ги чува податоците за Скрипал

Велика Британија како доверливи чува некои од податоците за соработката со Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), за да манипулира со информациите за случајот „Скрипал“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Дури и информациите за односите на Лондон со ОПЦВ се доверливи. За она што таму се случува дознаваме од медиумите. Што е целта...

Седум балистички ракети пресретнати над Саудиска Арабија

Над територијата на Саудиска Арабија ноќеска биле пресретнати седум балистички ракети истрелани од страна на јеменски шиитски бунтовници. Од делови на ракетите загинало едно лице, а две други се повредени. Три од ракетите биле истрелани врз главниот град Ријад, една кон гарнизонскиот град Хамис Мешејт и три кон градови во јужниот дел на земјата, соопшти портпарол на воената коалиција составена од...

Сампаоли: Меси ќе биде „застрелан“ ако не го освои СП

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли смета дека Лионел Меси е под голем психолошки притисок пред почетокот на Светското првенство во Русија. Во изминатите неколку дена многу поранешни играчи истакнаа дека Меси не може да се смета за најдобар играч во историјата, бидејќи се уште нема трофеи со селекцијата на Аргентина. Годинешниот Мундијал е можеби последна шанса фудбалерот на Барселона да ја однесе...

Над 50 поврдени во демонстрации во Барселона

Околу 50.000 луѓе синоќа излегоа на протести по улиците на Барселона по апсењето на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Германија. Демонстрантите фрлаа со шишиња, јајца, метални предмети и отпад кон полицајцитe, по што силите за одржување на редот испукаа предупредувачки истрели и употребија палки против насобраните. Протестниот марш се одржа од претставништвото на Европската комисија до...

Пожар во сибирско Кемерово, загинаа 48 лица, а 16 се исчезнати

Смртниот биланс од пожарот во сибирискиот град Кемерово се искачи на 48 жртви, а непозната е судбината на 16 лица, изјави министерот за вонредни ситуации на Русија, Владимир Пучков. Засега нема индиции за причината за пожарот. На телевизиските снимки се гледаат како луѓе во паника скокаат од прозорци од трговскиот центар, обвиен во густ чад. Според првичните резултати на истрагата, пожарот...

Врховен треба да ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

Врховниот суд на Република Македонија денеска треба да ја донесе одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година. Според претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука....

Целосната снимка за „Поткуп“ во судница пред јавноста

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Поткуп“ треба да биде пуштена целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи да го прифати барањето на Заев и неговите адвокати снимката да биде пуштена на рочиште на кое ќе биде присутна и јавноста. Минатото рочиште за „Поткуп“ беше одложено затоа што во Судот немаше...

Променливо облачно со повремен дожд и снег на планините

Времето денеска ќе биде променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринските температури ќе се движат од еден од пет, дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од шест до 12 степени. Во Скопје променливо облачно со услови за слаб локален дожд и умерен југоисточен ветер. Температурата во...