Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа
Велика Британија и повеќе од 20 други земји денеска повикаа на итен прекин на војната во Појасот Газа и го критикуваа моделот за испорака на хуманитарна помош што го применува израелската влада, нарекувајќи го опасен, дестабилизирачки и понижувачки за жителите на Газа.
- Ние, потписниците наведени подолу, се обраќаме со едноставна, итна порака – војната во Газа мора веднаш да...
Во Клиничката болница во Тетово, 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време
Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја обвини опозициската ДУИ дека...
Проблемот со хонорарците во тетовската болница ќе се решава системски, најавија Мицкоски и Касами
Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово и лидер на Движење Беса, Биљал Касами од Тетово порачаа дека системски се решава проблемот со хонорарно вработените во тетовската болница. Ова е нивниот одговор на обвинувањата на Демократската унија за интеграција дека нема согласност за засновање на постојан работен однос на 155 медицински сестри и други профили во Клиничката болница во...
Имаме раст на извозот во првите пет месеци, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово порача дека охрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите месеци и нагласи дека како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок.
-Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и...
Активен пожар кај Езерани, Волкодери и Покрвеник во Преспа
Два ер-трактори претпладнево го гаснеа пожарот кој избувна во атарот на преспанските села Езерани, Волкодери и Покрвеник.
Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен, за МИА попладнево потврдија дека побарана е помош за дополнително дејствување на ер-трактор и гаснење на огнот кој не е локализиран.
-Оштетени се повеќе површини, а опасноста го демне и националниот парк Езерани, кој како...
Има раст во индустрискиот промет над 16 отсто, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со трендот на прометот во индустријата и придонесот на поединечни гранки, како и проценките на среден рок, оцени дека најмногу воодушевува индустриската активност со странство. Кога станува збор за прометот во индустријата, тој нагласи дека е евидентен огромен раст, кој достигнува до 20 проценти, а во периодот што следи очекува...
Мицкоски за разрешување на претседателката на ДКСК: Нема да иницираме разрешување, постои морален чин на одговорност
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во Собранието нема да иницираат разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, прашан дали неговата партија ќе поднесе барање за разрешување со оглед дека со таа собраниска комисија раководи владејачкото мнозинство.
Рече дека има поединци кои од политиката прават естрада и порача дека постои морална одговорност.
-Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката...
Сообраќајна несреќа на патот Штип – Велес: Двајца тешко повредени пренесени во Скопје
Во СВР Велес синоќа околу 23:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот Б.И. од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Л.Б. од велешкото Башино Село и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки,...
Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица.
-Ова е чин на голема возбуда и задоволство...
Мицкоски: Заедничка резолуција со Бугарија ќе покаже дека двете држави се добри соседи
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, во која ќе се потврди посебноста на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, би било пример двете држави да покажат што значи добри соседи и меѓусебна поддршка.
Не одговори дали од официјална Софија има одговор на неговиот предлог за заедничка резолуција, но посочи дека тоа што го предложил е...








































