Прашањето за учеството на независните кандидати на локалните избори ќе мора да се реши, вели Гаши
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на новинарско прашање денеска на брифинг истакна дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локлани избори ќе мора да се реши, но ни самиот не знае како и кога би се согласиле парламентарните партии да го донесат законот.
Тој потенцира дека ова прашање ако не се реши до одморите, ќе мора по одморите...
Наскоро Економски социјален совет, ќе се разговара за потрошувачката кошница
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека интензивно работи со професори и со министерот за економија и труд, за преземање мерки за намалување на цените на производите, како и на предлог за нови анализи за потрошувачката кошничка.
Тој денеска од Тетово на прашањето за денешното објавување на висината на минималната синдикална кошничка, која е повисока за 600 денари и дали се размислува...
Кај 23 годишно момче МВР пронајде оружје
Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19 јули годинава извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, за време на претресите кај лицето С.А. (23) од...
Петнаесетти јубилејни „Белички средби“ се одржаа во село Белица
По петнасетти јубилејен пат, викендов во село Белица се одржа културно- туристичката манифестација „Белички средби“. Одбележувањето на овие средби протекна во пријатна атмосфера збогатена со музички настапи, книжевни читања и промоција на групата „Медена долина“, која минатата година беше формирана од страна на повеќе припаднички на понежниот пол кои во регионот на Белица засејуваат медоносни растенија.
-Викендов во село Белица...
Синдикалната кошничка за јули е зголемена за 630 денари, сега изнесува 64.698 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.
Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница (СМК) за храна...
За да почне постапка за одземање на мандатот на Димитровска во Собранието, мора да има правосилна судска пресуда, вели Гаши
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.
Потренцира дека собраниската Комисија...
ДКСК: Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на ДКСК е на Собранието
Одлуката за престанок на функцијата и разрешувањето на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е во надлежност на Собранието, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Како што се наведува во денешното соопштение од ДКСК, поднесување оставка како морален чин е одлука и право на самата претседателка на Комисијата.
- Имајќи предвид дека во...
Oд полноќ пониски цени на бензините
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42 % во однос на одлуката од 14.7.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините...
Турција ќе го прекине договорот за нафтовод со Ирак во јули 2026 година
Турција ќе го раскине договорот со Ирак за нафтоводот кој датира од 1975 година, објави весникот „Туркије“, повикувајќи се на официјално решение потпишано од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Според објавата во Службен весник, одлуката ќе стапи во сила на 27 јули 2026 година. Со тоа ќе бидат прекинати не само основниот договор, туку и сите последователни протоколи и меморандуми.
Причините за...
Магична вечер синоќа со препознатливите звуци на тангото на Охридско лето
Магична и незаборавна вечер синоќа во преубавиот амбиент на предворјето на „Св. Софија“, приреди ФАМЕ’С Европскиот оркестарски изведувачки институт, предводен од брилијантната Русанда Панфили од Молдавија. Со музиката на Астор Пјацола концертот насловен како „Либертанго“ ја раскажа животната приказна на овој композитор.
Со многу страст и префинетост виолинистката Панфили ја пренесе енергијата кон публиката која со многу емоции го пратеше...








































