Топлотен бран во земјава – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Поради топлото време и согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од Министерството за здравство дадоа повеќе препораки за заштита на населението од високи температури, меѓу кои престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава...

Сменета програмата за седмо одделение, се воведува и предметот Историја

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва во Велес изјави дека оваа Влада успеала да го исплати долгот од претходната влада во образованието за плати за наставниците и ги испечати сите учебници за кои имаше недостаток повеќе години. Најави дека учебници ќе има за сите ученици. - Ја сменивме програмата за 7 одделение и од септември ќе има нова...

Локализиран пожарот кај село Латово

Попладнево околу 17:30 часот во атарот во село Латово, Македонски Брод, избувна пожар со кој беше опфатена нискостеблеста шума, сува трева лисја и гранки. Врз пожарот е интервенирано од страна на локалното население, кои со лопати и други алати направиле појас околу опожарената површина, за да не дојде до проширување на огнот. Покрај локалните жители врз огнената стихија интервенирано е...

Таравари објави документ со негативно мислење за вработувањата во тетовската болница

Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари вечерва на Фејсбук објави документ кој, како што вели, му е доставен на министерот за здравство Азир Алиу на 15 овој месец и во кој се дава негативен одговор за вработување на неопределено време на 155 работници за Клиничката болница во Тетово. - Барањето е доставено до Министерството за здравство на 2 јули 2025...

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Како што соопштува Ангелов, на некои места во внатрешноста на опожарениот простор се уште има догорувања, но, вели, нема опасност од негово ширење. Тој посочува дека противпожарните екипи во моментов работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во...

Ѓорѓиевски: На Скопје му треба стратегија со која граѓаните тековно ќе добиваат услугите од јавните претпријатија

Програмата за главниот град треба да произлегува од потребите и проблемите на граѓаните со цел да се задоволат елементарните услови за функционирање. Оваа програма ќе биде изработена прецизно и темелно, со рокови, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопјена ВМРО-ДПМНЕ  за претстојните локални избори Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски остварил средби со граѓани и прибира идеи...

Активни седум пожари, четири се под контрола, а пет се изгаснати

До 18 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, четири се под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума,...

Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир на Европскиот фронт

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграции Бујар Османи ќе биде кандидат за градоначалник во скопската општина Чаир на Европскиот фронт, додека Бајрам Реџепи ќе биде кандидат на коалицијата за градоначалник на Тетово. Ова беше соопштено денеска по 21. седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција што се одржа во Тетово. Европски фронт ќе...

Во Скопје, Велес, Кавадарци и Демир Капија измерени 41 степен, за утре се најавува температура до 42 степен

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и...

Супербактериите би можеле да убијат милиони луѓе до 2050 година

Супербактериите би можеле да предизвикаат смрт на милиони луѓе ширум светот и да ја чинат глобалната економија нешто помалку од 2 трилиони долари годишно до 2050 година, покажуваат анализи, објави „Гардијан“. Студија финансирана од британската Влада покажува дека без усогласена акција, зголемените стапки на антимикробна резистенција (AMR) би можеле да доведат до глобална годишна загуба на БДП од 1,7 трилиони...