Светот се збогува со Принцот на темнината – Ози Озборн

Светот се збогува со великанот на рок музиката – Ози Озборн, кој вчера засекогаш ја напушти музичката сцена. Британските медиуми јавија дека славаната хевиметал ѕвезда починала во кругот на семејството, опкружен со љубов и внимание. Принцот на темнината како што го нарекуваа Ози Озборн (76) пред три недели го одржа својот последен концерт во Бирмингем, и покрај неговото нарушено здравје,...

Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце

Пожар попладнево избувна на планината Серта меѓу штипските села Селце и Драгоево. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Благој Ренџов изјави дека на терен се веќе 12 пожарникари со четири противпожарни возила. -Гори висока сува трева, ниско стеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побараме помош од Дирекцијата за заштита и спасување...

Рекордни жештини во Кина и Јапонија

China summer
Кина предупреди на можни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради рекордните горештини што зафатија голем дел од земјата, при што властите апелираа до повозрасното население да преземе мерки за заштита од топлотен удар. Енергетските власти соопштија дека драстично зголемената потрошувачка создава сериозен притисок врз електро-дистрибутивната мрежа. Минатата недела, потрошувачката по првпат надминала 1,5 милијарди киловат-часови, што е трет рекорд...

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир - Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за граѓаните од двете земји. - Граничниот премин помеѓу Република Косово и Република Северна Македонија е означен како „Стразимир“. Овој премин е од категорија Ц - соопшти косовската полиција. Се додава дека преминот е отворен за културни, научни, професионални, спортски или туристички...

МЗ: Претседателот на Собранието Гаши во стабилна здравствена состојба

Министерството за здравство попладнево информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. - Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот и веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево - стои во соопштението на Министерсвтото. Оттаму додаваат дека Гаши е задржан е...

Да работиме заедно за постигнување заемен успех, заеднички да создадеме светла иднина за односите меѓу Кина и ЕУ

Прашањето за Тајван се однесува на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Се надеваме дека европската страна, исто така, ќе ги почитува основните интереси на Кина со практични активности и искрено ќе се придржува до принципот „една Кина“ Су Леи, вршител на должноста амбасадор на НР Кина во Македонија Годинава се одбележуваат 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ...

Нов здравствен дом во Илинден по половина век – подобра здравствена услуга за над 30.000 жители

Општина Илинден денеска доби нов здравствен дом, прв по половина век.  Во објектот изграден на локацијата на старата амбуланта, на две нивоа со површина од 600 метри квадратни, се сместени 14 современи ординации, за основна здравствена заштита, но и специјалистички здравствени услуги. Во амбулантата се вложени 16 милиони денари, по осум милиони денари од буџетите на Министерството за здравство и...

Лишен од слобода 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 18 часот го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто...

ССНМ бара препораките за топлото време да важат и за новинарите и да не се организираат настани на отворено

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелира до сопствениците, менаџерите и уредниците на медиумите да не ги испраќаат своите екипи на терен ако за тоа не се создадени услови со кои ќе ги заштитат колегите од топлотниот бран. Во исто време ги повикува и политичките и општествените чинители да избегнуваат настани на отворено, но и случувања кои бараат подолг...

Извонредните полски уметници Длугош и Јунгиевич ја воодушевија публиката на „Охридско лето“

Најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја, Лукаш Длугош и извонредниот пијанист Анжеј Јунгиевич вчеравечер ѝ овозможија на публиката на „Охридско лето“ прекрасен концерт што долго ќе се памети. Полските уметници настапија во црквата „Света Софија“ со внимателно одбран репертоар кој започна со композиција на Моцарт, а продолжи со дела од Шуман, Шаминад и Пуланк. Вториот дел од концертот беше резервиран...