„Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата, економскиот раст останува приоритет

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ во најновиот извештај го потврди кредитниот рејтин на земјата ББ- со стабилен изглед, што воедно е потврда и за политиките на Владата, а претставува и значаен сигнал за инвеститорите при носење на нивните одлуки за инвестирање, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ). Во извештајот Кредитната агенција посочува дека растот на економијата се забрзува и останува...

Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава

Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место...

И по 60 години нема лек за хепатитис Б

Се поставува прашањето зошто сѐ уште не е откриен лек што доведува до излекување од хепатитис Б и покрај неговото откривање во дамнешната 1965 година. Лицата што немаат хепатитис Б не може да бидат инфицирани со вирусот на хепатитис Д, вели во разговор по повод Светскиот ден за борба против хепатитисот (28 јули) Димзова, која од 2018 година е...

Чешкиот „Блек хок“ се очекува да полета кон планината Готен, пристигнаа и словенечките пожарникари

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, кој синоќа пристигна на скопскиот аеродром, се очекува да полета кон планината Готен каде ќе се вклучи во гансењето на пожарот од беровска страна. Екипажот рано утрово имал брифинг со старешини од Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија...

Зошто нагла промена на ставот на Брисел кон Ерусалим?

Според она што би можело да бидат „првите формални санкции на ЕУ против Израел“ од 7 октомври, еврокомесарите завчера поддржаа предлог за исклучување на израелските компании од дел од истражувачката програма на блокот „Хоризонт Европа“, поточно од делот што финансира одбранбени и технологии со двојна намена, вклучувајќи воени стартапи Повеќе од две години мнозинството земји од ЕУ стоеја на страната...

Николоски најави повик за финансиски понуди за автопатот Кичево – Букојчани на 1 август

Повик за финансиски понуди за автопатот Кичево - Букојчани во должина од 11 километри ќе биде објавен задутре, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостување на ТВ Канал 5 Николоски денеска истакна дека се работи интензивно на автопатските решенија на Коридорот 8, посочувајќи дека си поставиле рок до крај на 2028 година од  граница со Бугарија до...

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, Шангај под двојна закана

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, кои веќе беа погодени од цунами брановите предизвикани од земјотресот што го потресе брегот на Пацификот претходно денеска, објавија агенциите. -Со наредба на гувернерот на регионот, прогласена е вонредна состојба во регионот Северно-Курилски, каде што денеска се случи земјотрес и цунами. Околу 2.400 луѓе живеат во регионот Северно-Курилски. Жителите се евакуирани....

ГРАДОТ ВО ОГАН, 2

Век и две децении подоцна, само триесетина години пред големиот пожар, 1660-1661, во „in partibus Levanti“ пристигнува и престојува во Скопје неуморниот патописец Евлија Челебија, автор на десеткнижните „Патописи“ („Сејахатнаме“), кој во својот препознатлив стил, со нескриен восхит, го опишува градот со 2.150 дуќани: „Сите главни улици се рамни, поплочени со убава бела калдрма. Има многу учени луѓе, градски...

Охрабрувачки пораки за силната посветеност на прашањата за човековите права

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, по посетата на Македонија (од 22 до 25 април 2025 година), сега во Стразбур го објави документот наречен Меморандум за човековите права на Ромите и импликациите врз човековите права од сериозните еколошки предизвици, кој се однесува на нашата земја. Во меморандумот, комесарот за човекови права на Советот на Европа,...

Почнува и загревањето за ЕП 2025

КОШАРКА Подготвителните натпревари на европските репрезентации во пресрет на годинашното континентално првенство за кошаркари почнуваат в сабота, според календарот објавен од Светската кошаркарска федерација (ФИБА). До 24 август се предвидени неколку десетици тест-средби. На 27 август почнува 42-то издание на европските првенства во кошарка (домаќини се Кипар, Финска, Полска и Летонија), со натпреварите Чешка - Португалија, Летонија - Турција, Србија...