Кавадарчанец си го убил братот и телото го закопал во дворот на куќата

ОВР Кавадарци до кавадаречкото Основно јавно обвинителство, денеска поднесе кривична пријава против С.И., 43-годишен кавадарчанец, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Тој се сомничи дека на 27 јули во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот...

Во Кичево веќе не се натпреваруваат кој ќе направи поубава и погламурозна свадба

Бројот на свадбените вселби годинава во Кичево беше речиси идентичен како и претходните години. Во текот на летово во градот и селата се направија околу 500 свадби, бројка која е присутна последните неколку години. За бројноста на свадбните веселби потврдува и еден од менаџерите на ресторан во градот, Џевдет Далипи. - И годинава не изостанаа големиот број свадби во нашиот регион....

Заврши тричасовната средба меѓу Путин и Виткоф

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, заврши денеска во Кремљ, соопшти прес-службата на рускиот претседател. Средбата траела околу три часа, пренесуваат руските медиуми. Специјалниот пратеник на американскиот претседател пристигна во Москва рано изутрината, а беше пречекан од генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, по што го посетија паркот...

Активен пожарот на гостиварското село Дебреше

Активен е пожарот кај селото Дебреше, гостиварско каде гори ниска вегетација, информира попладнево Центарот за управување со кризи. Според информациите на ЦУК, на територија на државата имало уште еден пожар на отворен простор, но тој е изгаснат. Станува збор за пожарот кај Циглана во општина Куманово каде била опожарена ниска вегетација.

Матарела: Употребата на нуклеарно оружје е злосторство против човештвото

Претседателот на Италија, Серџо Матарела упати денеска порака по повод 80-годишнината од нуклеарното бомбардирање на Хирошима, во која оцени дека нападите врз Хирошима и Нагасаки претставуваат „апокалиптичен случај“. - Тие трагични случувања и повеќекратните страдања кои преживеаните ги поднесуваа со години по експлозиите остануваат опомена за човештвото кои не смее да се заборават - рече Матарела, пренесува италијанската новинска агенција...

УНХЦР: Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред предвидениот рок

Пакистан почна со депортирање на авганистански бегалци пред официјалниот рок за нивно заминување, соопшти Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), предупредувајќи дека овој потег може да доведе до присилно враќање на повеќе од милион луѓе. Според извештајот на УНХЦР, регистрирани се случаи на апсења и депортации на законски регистрирани авганистански државјани, наспроти тоа што пакистанската Влада претходно го...

Иран погуби човек осуден за шпионажа во корист на Израел

Иранските власти погубија човек осуден за шпионажа во корист на Израел, обвинувајќи го за пренесување информации за нуклеарен научник убиен за време на 12-дневната војна на Израел во јуни, објави порталот Мизан на иранското судство. - Рузбе Вади беше погубен по судењето и откако неговата казна беше потврдена од Врховниот суд - рече изворот. Тој беше обвинет за пренесување информации...

Децата што долго лежат на Детска клиника ќе имаат формално образование

Воведено е формално основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување на Клиниката за детски болести во Скопје, денеска официјално најавија министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук, претседателка на НВО САНО - Здружение кое им помага на децата со канцер. Како што беше појаснето, МОН со поддршка од граѓанскиот...

Како да го одржите вашето омилено летно овошје свежо

Здрава храна Како да ја одржите лубеницата свежа во фрижидер? Предлагаме еден совет! Креаторката на содржини Шенон Доерти сподели едноставен, но паметен трик што ги менува правилата на играта за одржување на свежината на лубеницата. Тоа е идеја што ве тера да се прашате: „Како не ни текна на ова порано?“ Наместо да ставате коцки лубеница во големи чинии или да...

Нова студија го поврзува тешкиот предменструален синдром со ризик од мозочен удар

Милиони жени што страдаат од потешка форма на предменструален синдром (ПМС) имаат значително поголем ризик од потенцијален фатален мозочен удар, според неодамна објавената голема шведска студија. Иако повеќето жени доживуваат, барем повремено, ПМС што предизвикува непријатни физички и емоционални симптоми во неделите пред менструацијата, околу една третина од жените може да имаат потешка форма што бара третман. Сега, шведските истражувачи...