Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
На својот профил на мрежата Truth Social, тој изјави дека ги информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да...
Цените на училишниот прибор ќе останат на ниво на први јуни, порача Јаневска
Министерката Весна Јаневска изјави дека Владата донела одлука цените на училишниот прибор да останат на нивото од 1 јуни годинава, со што се обезбедува поевтина „училишна кошничка“ за сите семејства.
Ова, како што рече Јаневска вечерва во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 ТВ, значи дека родителите ќе плаќаат околу 10 проценти помалку од актуелните цени за ранци, боички,...
Свис Ре: Се очекува економските загуби предизвикани од природни катастрофи да достигнат 135 милијарди долари
Се очекува економските загуби предизвикани од природни катастрофи да достигнат 135 милијарди долари во првите шест месеци од годината, при што пожарите во Лос Анџелес ги зголемија трошоците за осигурителите, според првичната проценка на Свис Ре (Swiss Re).
Тоа е повисоко од првата половина на 2024 година, кога загубите беа проценети на околу 123 милијарди долари, при што загубите во...
Додик: Народот ќе одлучи на референдум дали ќе останам претседател на РС
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, денеска во Бања Лука изјави дека народот ќе одлучи на референдум за неговиот претседателски мандат, кој денеска му беше одземен од Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) откако беше законски осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник во БиХ.
-...
Се очекува денеска Трамп да разговара со Зеленски
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп денеска да разговара со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, се сретна во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на информиран извор.
Авионот со кој Стив Виткоф пристигна во Русија утрово полета од аеродромот Внуково попладне по локално време, а неговата дестинација не...
Скендер Реџепи е кандидатот за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт
Кандидат за градоначалник на Град Скопје од Европскиот фронт ќе биде Скендер Реџепи Зејд, пратеник и лидер на „Народното движење“. Кандидатурата на Реџепи ја објави на својата Фејсбук страница лидерот на ДУИ Али Ахмети.
-По консултациите со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат Национална алијанса за интеграција, со целосно единство и со заедничка одлука, се договоривме дека наш кандидат...
Кремљ ја оцени средбата меѓу Путин и Виткоф како корисна и конструктивна
Тричасовната средба меѓу специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин беше „корисна и конструктивна“, изјави денеска советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Разговорите меѓу Виткоф и Путин се случија само два дена пред истекот на крајниот рок даден од американскиот претседател Доналд Трамп за Русија да договори прекин на огнот во Украина или да...
Директорот на Психијатриската болница „Бардовци“ жали за инцидентот во кој пациент го загуби животот
Директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Хиса Авдулаи, изрази длабоко жалење и сочувство до семејството на пациентот кој трагично го загуби животот откако бил повреден во физичка пресметка со друг пациент во установата, по што, и покрај лекарската интервенција, починал на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ.
-Ја информирам јавноста дека во раните утрински часови на 5 август 2025 година, во Одделот...
МВР презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител, за вчерашното националистичко скандирање
Во врска со националистичкото скандирање на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој вчера се одржа на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје, врз основа на снимениот и документиран материјал, презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител.
-До Обвинителството е доставено писмено известување врз основа на веќе утврдениот материјал, по што...
Контрола на УЈП за фискализацијата: Неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
Четири правни субјекти се затворени од кои три во Охрид и еден во Струга поради неиздавање на фискални сметки. Контролата на Управата за јавни приходи, спроведена од 28 јули до 3 август во повеќе градови меѓу кои и туристичките места, покажала дека кај 30 отсто од контролираните објекти утврдени се нерегуларности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.
Со контролата...






































