Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево, соопштија од ИЈЗ

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вечерва ги објави резултатите од вонредните анализи спроведени по големиот пожар што избувна во саботата во магацин за отпад во скопското село Трубарево. Според денешните испитувања на земените примероци од вода, не е утврдена радиоактивност. Нема ниту опасни нивоа на тешки метали во почвата. Како што информира ИЈЗ, се забалежува зголемување на два параметра, Cu...

Кочани шест месеци подоцна – со многу болка и емоции протестен „Марш за ангелите“

Протестниот „Марш за ангелите“ денеска, кога навршија точно шест месеци од пожарот во „Пулс“, беше дневен, за разлика од претходно кога започнувашево 18.05 часот и имаше скратена маршрута. Родителите на починатите и нивните редовни поддржувачи ја прескокнаа општинскарта зграда и во 15.35 часот од „Паркот на Револуцијата“ се упатија директно пред судот и обвинителството, каде и се обратија на...

ГАК: Владеењето на правото останува фундаментален услов за членство во ЕУ

Brisel
Владеењето на правото има централна улога во процесот на проширување како фундаментален услов за членство во Европската Унија, се наведува во соопштението од денешниот состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), на кој една од точките беа и извештаите на Европската комисија за владеење на правото во дел од кандидатите за членство за 2025 година. - Во сегашната...

Сите во ЕУ се согласни дека испорачуваме солидна динамика во реформите за владеењето на правото, истакна Муртезани

Сите членки на Европската Унија заклучија дека земјава испорачува солидна динамика на реформите во делот на владеењето на правото - изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани по денешниот состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), на кој една од точките беа и извештаите на Европската комисија за владеење на правото во дел од кандидатите...

СВР Велес попладнево изнесе нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес

Од СВР Велес попладнево соопштија нови детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес. Новите искази се дадени од сегашниот партнер на убиената Р.К. На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја...

Почина холивудската легенда Роберт Редфорд

Robert Redford
Холивудската легенда Роберт Редфорд почина на 89 години - објави „Си-ен-ен“. Актерот и режисер имаше богата кариера и беше најпознат по главните улоги во „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „Сите луѓе на претседателот“. Редфорд доби Оскар за режија во 1981 за „Обични луѓе“, а во 2002 и почесен Оскар. - Роберт Редфорд почина на 16 септември во својот дом во...

Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

izraelski vozdusen napad
Израелски воени авиони извршија серија напади врз јеменското пристаниште Ал Худеида. Израелската армија соопшти дека нападот е одговор на ракетниот напад на Хутите. Претходно, портпаролот на ИДФ, Авихај Адрае на платформата „Икс“ објави предупредување за евакуација и најави дека пристаништето ќе биде цел на напади. Нападот врз Јемен е извршен додека трае операцијата на ИДФ за уништување на инфраструктурата во градот...

Во пораст бројот на новозапишани ученици во кичевската гимназија

После десетина години кога бројот на ученици во кичевската гимназија континуирано опаѓаше, во учебната 2025-2026 година бројот на новозапишани е зголемен и се очекува овој тренд да продолжи и во наредните години. Бројот на новозапишани ќе биде и поголем кога ќе се запишат и учениците кои досега не успеале да го решат овој проблем,потврди директорот на гимназијата, Бране Стојаноски. -...

Општините да ги идентификуваат сите диви депонии и да изготват планови за систематско отстранување

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) дадоа препорака до општините да спроведат детални контроли и да ги идентификуваат сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување. Од МЖСПП соопштуваат дека нивните очекувања се општините да преземат мерки во насока на унапредување на состојбата со управувањето со отпад и заштитата...

Измамена кумановка за над 3,2 милиони денари за купување стан

Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3,2 милиони денари за купување стан со гаража во кој требала да се всели пред пет години, но од извршител дознала дека доверител на станот е банка во стечај, соопшти денеска полицијата. - Вчера во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека...