Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ и со директорката на ЕБРД Одил Рено-Басо. - Остварена средба со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ на која дискутиравме за европската перспектива и напредокот на реформските процеси. Хрватска е наш голем пријател и силен поддржувач на...

Меѓународен суд на правдата: Израел мора да дозволи помошта на ОН да стигне во Газа

Израел мора да дозволи доволно хуманитарна помош во Појасот Газа и да соработува со Агенција за помош на ОН, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата (МСП). Пресудата од највисокиот суд на ОН во Хаг, која не е обврзувачка, наведува дека Израел, како окупаторска сила, е должен да се грижи за населението во Газа, пренесува ДПА. Израел мора да соработува и со...

Скопските градоначалници бараат итно решение за проблемот со ѓубрето

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на иницијатива на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска бил одржан состанок со сите скопски градоначалници во рамки на ЗЕЛС, со една единствена цел, да се изнајде решенија за нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена”. - Скопје, за жал,...

Гаши – Солстром: Продолжува шведската поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска Ола Солстром. Осврнувајќи се на, како што рече, одличните билатерални односи меѓу двете земји, Солстром истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно на продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ, на соработката во НАТО, како и на...

Потврдено стратешкото партнерство за капитални проекти со Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска остварија работна средба со Тим Рид, извршен директор на Националната агенција за надворешно финансирање на Обединетото Кралство -УКЕФ. На средбата се разговараше за деталите околу соработката и подршката што ја овозможува оваа Агенција во рамки на Договорот за соработка меѓу двете земји,...

Американската амбасада издаде безбедносно предупредување поради инцидентот пред српскиот парламент

Американската амбасада денеска објави безбедносно предупредување во врска со инцидентот пред српскиот Парламент, советувајќи ги сите американски граѓани да го избегнуваат тој дел од градот. Како што Амбасадата објави на мрежата X  имало пукање во кое непознат број луѓе биле повредени, по што избувнал пожар во Пионирски парк прд улицата од Парламентот во центарот на Белград. - Во овој момент, инцидентот...

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.310 денари

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.310 денари, а просечната бруто-плата била 68.180 денари што во однос на истиот месец лани е згоелмување од 10,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за...

Струковиот синдикат на контролори на летање има право да организира штрајк, порача Тасевски

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) има право да организира штрајк и за тоа има овластувања од гранковиот синдикат, а постапката за организирање на штрајкот најавен за 20. месецов што беше забранет со судско решение на барање на раководството на М-НАВ, е спроведена како што треба, за што има и соодветна документација, изјави денеска Александар Тасевски, претседател на...

Целта е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, истакна Алиу

 Министерот за здравство Азир Алиу денеска учествуваше на работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација (СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем. -Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и...

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

Двајца турски државјани на возраст од 30 и 26 години се осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава, информира ЈОРСМ. Осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци, за што, како што информираат Основното јавно обвинителство Скопје донело...