Коалицијата на подготвените следните денови ќе презентира мировен план, рече Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски очекува западните сојузници следните денови да презентираат концизен мировен предлог за ставање крај на војната со Русија. Тој, во интервју за американскиот сајт „Аксиос“ (Axios), истакна дека Коалицијата на подготвените ќе работи на изработка на „некои брзи точки“ „следната недела или наредните 10 дена“. Но, Зеленски изрази скептицизам дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен...

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. - По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ –...

СВР Куманово уапси двајца фудбалери од ФК „Беса“ кои нападнале играчи на ФК „Аеродром“

Кумановската полиција лиши од слобода двајца фудбалери на клубот „Беса“ од липковско Слупчане, бидејќи физички нападнале играчи од гостинскиот клуб „Аеродром“ од Скопје, соопшти денеска СВР Куманово. - Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, општина Липково, затоа што на...

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна...

Кина што поскоро да ги обнови синџирите за снабдување со критични суровини, порача Кошта

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ја повика Кина што поскоро да ги обнови синџирите за снабдување со критични суровини, пишува во соопштение објавено од Европскиот совет. За време на состанокот на маргините на самитот на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН), Кошта му рекол на кинескиот премиер Ли Чијанг дека е загрижен поради тоа што Кина вовела ограничувања на извозот...

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја исклучува можноста да се кандидира за потпретседател на изборите во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија како заобиколен начин републиканскиот претседател да добие нов претседателски мандат. - Би смеел да го направам тоа. Не би го направил. Мислам дека е премногу суетно. Да, би го исклучил тоа затоа...

По локалните избори ќе започнат работите поврзани со клиничките болници во Штип и Тетово и Здравствениот дом во Кичево

По локалните избори ќе се распише јавен повик за финансиски институции за клиничките центри и болниците поврзано со договорот со Обединетото Кралство, а потоа ќе се размислува за нов Клинички центар во Скопје. Ова денеска го кажа премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Градската болница „8 Септември“. -Да. Чекор по чекор. Да завршат локалниве избори, па да се...

Иднината на општеството и државата е тесно поврзана со квалитетот на високото образование, порача Јаневска

Иднината на општеството и државата е тесно поврзана со квалитетот на високото образование и затоа е неопходно да спроведуваме акции, не само да дискутираме, туку сите заедно да учествуваме во подобрување на квалитетот на високото образование, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на Првиот годишен форум за квалитет во високото образование што денеска го организира Универзитетот „Св....

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руската нафта и гас, изјави Метју Витакер, американски амбасадор во НАТО, додека во исто време Вашингтон ги повика Будимпешта, Словачка и Турција, да развијат и спроведат план за намалување на нивната енергетска зависност од Русија Како што пишува „Украинска Правда“, Витакер нагласи дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Унгарија да ја...

Нема да има енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите...