Нема да има енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека не треба да стравуваме од енергетска криза со недостиг на гас во државава по санкците од САД и ЕУ кон Русија, бидејќи, како што изјави денеска, Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.
На новинарско прашање Мицкоски потенцираше дека и при неодамнешните ремонтни активности на гасоводот не останавме без гас, односно топланите...
Знаци што откриваат аутизам, раната поддршка е клучна
Аутизмот е невроразвојна разновидност што ги формира начинот на размислување, комуникацијата и перцепцијата на светот; не е болест и не се лекува, а раната поддршка и свесната заедница овозможуваат исполнет и достоен живот. Мнозинството родители пропуштаат некои знаци на аутизам. Како да се препознае аутизмот кај децата и што следува по дијагнозата?
Иако за спектарот се зборува сè почесто, секојдневието...
„Скопје џез-фестивал 2025“
Се чини како македонската џез-публика конечно да созреа, и тоа онака здраво. И сега што ме наведува на ваков заклучок - па минатогодишниот и годинашниот „Скопје џез-фестивал“ (СЏФ). За неверојатното минатогодишно издание веќе имав објава, а годинашното ако не го надмина, барем е на исто ниво како лани. Четири ноќи полни со различни видови џез, без некакви афрокубански и...
Наместо со пари, оброкот се плаќа со пластика
Во Индија се отвораат кафулиња за отпад
Кафулиња за ѓубре никнуваат низ Индија. Во нив храната не се плаќа со пари, туку со пакетчиња пластика како стари ќесиња, пакувања за храна, шишиња за вода. Луѓето тука можат да заменат килограм пластичен отпад за целосен оброк, кој вклучува ориз, две зеленчукови карија, роти (вид леб), салата и кисели краставички.
Амбикапур, град во...
Објавена книга со пиесата „Двајца во Еден“ од Томислав Османли
Во издание на Хрватското книжевно друштво од Задар
Деновиве, во Задар, Република Хрватска, од печат се појави книгата со камерната театарска пиеса „Двајца во Еден“ на македонскиот прозаист и драмски автор Томислав Османли. Преводот и уредувањето на изданието го реализира истакнатиот писател Никола Шимиќ Тонин, а книгата излегува како заедничко издание на три задарски книгоиздателства: Хрватското книжевно друштво – Задар,...
Шимпанзата консумираат алкохол преку ферментирано овошје
Животни
Шимпанзата во дивината секојдневно пијат еквивалент на еден-два пијалака преку ферментирано овошје. Новото истражување открива дека алкохолот илјадници години е природен дел од исхраната на приматите. Еволутивните корени на човековата љубов кон алкохолот не се познати, односно не е познато точно кога се појавила нашата љубов кон пиењето. Во 2004 година, авторите Роберт К. Дадли и Дасти Стевенс ја...
Мисирков – меѓу перото, јазикот и идејата за самостојна Македонија
Крсте Петков Мисирков е човекот кој во македонската националната меморија останува запаметен како филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на националните и политичките проблеми, публицист, собирач и истражувач на македонското народно творештво. Мисирков исто така е и основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и...
Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво!
Оваа година, „Зрно“ со разни активности обедини над 250 фотографи од целиот свет
Во Културно-информативниот центар – Скопје, денеска, во 20 часот ќе се отвори изложба на дела настанати на работилниците за алтернативна фотографија што се одржаа во селото Смилево, во организација на фестивалот „Зрно“.
Од 17 до 23 јули, манастирот „Св. Петар и Павле“ во Смилево беше дом на...
Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“
Оркестарот на Македонската филхармонија утре ќе одржи концерт во „Златната сала“, на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена – дом на Виенската филхармонија и место каде што секој 1 јануари се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот. Настапот на Македонската филхармонија на сцената на „Музикферајн“ во Виена претставува заокружување на прославата на 80-годишнината од формирањето на...
Лауреат е култниот фотограф и режисер Антон Корбајн
Холандски бит и филмски ритам на „Скопје синема сити 2025“
Филмот „Контрола“ (Control, 2007) е биографска драма за Јан Кертис, фронтменот на култниот постпанк-бенд „Џој Дивижн“, кој го обележа звукот на една генерација
На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе се одржи 11. издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“, кој оваа година...







































