Бранителот на родителот кој доби казна 11 месеци затвор за инцидентот на фудбалскиот натпревар ќе ја обжали пресудата

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ на фудбалскиот натревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи учествуваше во инцидентот, а во кој беа повредени двајца 15 годишни фудбалери најави желба на пресудата до Апелациониот суд во Штип. Алиспахиќ вели дека очекувале ослободителна пресуда, бидејќи...

Албанија екстрадираше во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Албанските власти денеска го екстрадираа за Австрија македонскиот државјанин Монди Гитлан осуден на пет години затвор за трговија со дрога. - Како резултат на координацијата на оперативните дејствија меѓу специјалистите од Дирекцијата на Интерпол Тирана и нивните колеги во Австрија, финализирана е постапката за екстрадиција од Албанија во Австрија лицето  Монди Гитлан, 29 години, жител на село Велешта, Струга, Северна...

Утре бесплатен преглед на каротидни артерии на Клиниката за неврологија

По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“, соопшти Министерството за здравство. Во рамки на отворениот ден утре во периодот од 10 до 12 часот во...

Орбан следната недела со Трамп ќе разговара за енергенсите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела во Вашингтон ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговара за енергетски прашања, соопшти денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. САД минатата недела воведоа санкции за најголемите руски производители на нафта Росњефт и Лукоил, што потенцијално би можело да влијае на Унгарија која во голема мера зависи од руската...

Имамоглу обвинет и за политичка шпионажа

Против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екре Имамоглу поведено е уште едно обвинение – за политичка шпионажа и одредена му е мерка притвор. - Ништо не е вистина и сè е можно. Токму во такво место ја претворија мојата прекрасна земја. Дури и обвинението за палење на Рим е повистинито од оваа глупост - објави на Фејсбук Имамоглу, кој е во...

Путин го прекина договорот со САД за преработка на плутониум

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се става крај на де факто веќе застарениот договор меѓу Русија и САД за преработка на плутониум, чија цел беше спречување на двете страни да произведуваат уште повеќе нуклеарно оружје. Договорот за управување и преработка на плутониум, потпишан во 2000 година и дополнет во 2010 година, ги обврзуваше Русија и САД...

Уапсени двајца полицајци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители учествувале во извршување на кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, информираше попладнево МВР. - Тие на 10.10.2025, заедно со други...

Досега поднесени 46 кривични пријави во врска со пожари на отворен простор, уапсени 66 лица

Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 27.10.2025 година, регистрирани се вкупно 2.197 пожари на отворен простор, при што лишени од слобода се вкупно 66 лица, а по преземени мерки поднесени се 45 кривични пријави. - Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности...

Австрија го прослави Националниот ден

Секој 26 октомври Австрија го слави својот најголем национален празник. Денот го одбележува потпишувањето на Декларацијата за постојана неутралност во 1955 година. Оваа година Австрија славеше 70 години од неутралноста со воена парада, свечена заклетва на регрутите и обраќања на Александер Ван дер Белен, претседателот и Кристијан Стокер, канцеларот на Австрија. Свеченоста се одржуваше на повеќе локации низ Виена, главната...

Коалицијата на подготвените следните денови ќе презентира мировен план, рече Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски очекува западните сојузници следните денови да презентираат концизен мировен предлог за ставање крај на војната со Русија. Тој, во интервју за американскиот сајт „Аксиос“ (Axios), истакна дека Коалицијата на подготвените ќе работи на изработка на „некои брзи точки“ „следната недела или наредните 10 дена“. Но, Зеленски изрази скептицизам дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде подготвен...