Oбвинение за братоубиство во Кавадарци
По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат.
- На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот...
По силниот земјотрес синоќа, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
Повеќе од 100 последователни потреси беа почувствувани по земјотресот со јачина од 6,1 степен што го погоди регионот Баликешир во Турција синоќа, од кој најсилниот беше со јачина од 4,4 степени.
Во земјотресот беа повредени околу 20 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања.
Според соопштението на...
Седум лица загинаа во ураганот Мелиса, кој се приближува кон Јамајка
Седум лица загинаа досега во ураганот Мелиса, кој е оценет како најсилниот тропски циклон на Земјата оваа година, објави Еј-би-си њуз.
Мелиса се приближува кон западниот брег на Јамајка. Три лица загинаа во Јамајка, три на Хаити и едно во Доминиканската Република, каде што уште едно лице е исчезнато.
Министерството за здравство на Јамајка соопшти дека се случиле некои несреќи за...
Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди западниот дел на Турција
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени.
Според Американскиот геолошки институт земјотресот веројатно е почувствуван и на македонска, бугарска, грчка...
Ураганот „Мелиса“ достигна петта категорија, најсилен удар се очекува на Јамајка
Ураганот „Мелиса“, кој се приближува кон Јамајка, денеска ја достигна петтата, најсилна категорија на разорност и се очекува на оваа островска држава во Карипското Море да предизвика катастрофални поплави, одрони и штети.
Јамајканските власти му наложија на населението да се евакуира, предупредувајќи дека времето за подготовки за ударот на стихијата „веќе е речиси истечено“.
Според медиумите, „Мелиса“ ќе биде најсилниот ураган...
Илјадници пластични шишиња пловат по Вардар
Видео на кое реката Вардар е преплавена со пластични шишиња и друг отпад, кои слободно пливаат по текот на реката, беше објавено попладнево на локалните медиуми од Тетово.
- Стотици или илјадници пластични шишиња фрлени во реката Вардар, ситуацијата е забележана во близина на Копанце - пишува „Тетово инфо“ на социјалните мрежи.
Во Албанија забрзано се шири австралискиот грип, 12 илјади случаи неделно
Албанија се соочува со значително зголемување на респираторните инфекции, додека австралискиот грип почна да ги загрижува здравствените власти.
Според Институтот за јавно здравје, досега се пријавуваат околу 12 илјади случаи неделно.
- Пациентите кои се јавуваат во здравствените центри се со симптоми, како што се висока температура, кашлица, бронхитис и често отитис -воспаление на средното уво - изјави Артан Симаку од...
Црвен крст, Хамас и египетски тим во потрага на телата на израелските заложници во Појас Газа
Претставници на Црвен крст, египетски тим и еден припадник на Хамас вклучени се во потрагата по телата на израелските заложници во Појасот Газа.
- Тимовите за пребарување, опремени со градежна опрема, добија дозвола од израелските вооружени сили да влезат „преку жолтата линија под строг надзор на израелската армија за да ја идентификуваат локацијата на заложниците - изјави портпаролот на израелската...
Велика Британија и Турција потпишаа договор вреден над 10 милијарди долари
Велика Британија се согласи да ѝ продаде 20 борбени авиони „Тајфун“ на Турција во договор вреден до осум милијарди фунти (10,7 милијарди долари).
Британскиот премиер Кир Стармер го потпиша договорот за време на посетата на Анкара денеска, опишувајќи го како „победа за британските работници, победа за нашата одбранбена индустрија и победа за безбедноста на НАТО“.
Договорот е најголемиот договор за продажба...
Лавров и Чое Сонг-хуи разговарале за билатералните односи
Министерката за надворешни работи на Северна Кореја Чое Сонг-хуи денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот колега Сергеј Лавров.
- Големо задоволство ми е што Ве сретнав. Пренесете ги моите најдобри желби до шефот на државата (Ким Џонг-ун) - истакна Путин на средбата во Кремљ со Чое.
Додека Чое и Лавров, како што се наведува во...






































