Во Албанија забрзано се шири австралискиот грип, 12 илјади случаи неделно
Албанија се соочува со значително зголемување на респираторните инфекции, додека австралискиот грип почна да ги загрижува здравствените власти.
Според Институтот за јавно здравје, досега се пријавуваат околу 12 илјади случаи неделно.
- Пациентите кои се јавуваат во здравствените центри се со симптоми, како што се висока температура, кашлица, бронхитис и често отитис -воспаление на средното уво - изјави Артан Симаку од...
Црвен крст, Хамас и египетски тим во потрага на телата на израелските заложници во Појас Газа
Претставници на Црвен крст, египетски тим и еден припадник на Хамас вклучени се во потрагата по телата на израелските заложници во Појасот Газа.
- Тимовите за пребарување, опремени со градежна опрема, добија дозвола од израелските вооружени сили да влезат „преку жолтата линија под строг надзор на израелската армија за да ја идентификуваат локацијата на заложниците - изјави портпаролот на израелската...
Велика Британија и Турција потпишаа договор вреден над 10 милијарди долари
Велика Британија се согласи да ѝ продаде 20 борбени авиони „Тајфун“ на Турција во договор вреден до осум милијарди фунти (10,7 милијарди долари).
Британскиот премиер Кир Стармер го потпиша договорот за време на посетата на Анкара денеска, опишувајќи го како „победа за британските работници, победа за нашата одбранбена индустрија и победа за безбедноста на НАТО“.
Договорот е најголемиот договор за продажба...
Лавров и Чое Сонг-хуи разговарале за билатералните односи
Министерката за надворешни работи на Северна Кореја Чое Сонг-хуи денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот колега Сергеј Лавров.
- Големо задоволство ми е што Ве сретнав. Пренесете ги моите најдобри желби до шефот на државата (Ким Џонг-ун) - истакна Путин на средбата во Кремљ со Чое.
Додека Чое и Лавров, како што се наведува во...
Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството
Ревизија и унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството се темите кои денека биле разговарани на работниот состанок меѓу министерот за здравство, Азир Алиу, деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Светозар Антовиќ и шефовите на катедри од факултетот.
Како што соопштија од Минитертвото за здравтво, на состанокот, Алиу истакнал дека унапредувањето на човечките ресурси е еден...
Два силни земјотреса регистрирани во северниот дел на Атлантски Океан
Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Атлантски Океан, а беше почувствуван во источниот дел на Карипско Море.
Земјотресот бил на околу 160 километри источно од францускиот остров Гваделупе на длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил почувствуван и на островите Антигва и Свети Винсент и Гренадини, дел од Заветрени Острови.
Во истиот регион регистриран е и...
Боби Андонов има стратегија како во 2027 година да ја претставува Македонија на „Евровизија“
Планирам да дојдам во Македонија на почетокот на следната година за да се сретнам со поширокиот тим на МРТ и со владини претставници за да создадеме долгорочна стратегија, вели Бобби Андонов
Во 2008 година еден симпатичен тинејџер, Боби Андонов, дојде од Австралија, каде живее со неговите родители, по потекло од Македонија, за да ја претставува нашата земја на „Детскиот евросонг“,...
Орбан побара од папата поддршка за антивоените напори на Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи антивоените напори на Унгарија.
Како што соопшти Ватикан, папата и Орбан на речиси едночасовната средба „ја истакнале силата на билатералните односи и изразија благодарност до Католичката црква, која е посветена на придонесот за социјалниот развој и благосостојбата на унгарската заедница, со посебен...
Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца
Неколку месеци откако беше претставена првата министерка создадена со вештачка интелигенција во Албанија, премиерот Еди Рама објави дека е „бремена“.
Тој во своето обраќање на Глобалниот дијалог (БГД) во Берлин, наведе дека министерката Диела треба да „роди“ 83 „деца“ со вештачка интелигенција, по едно за секој пратеник од Социјалистичката партија во Парламентот, кои ќе служат како дигитални помошници во простотиите...
Западните санкции се механизам за системски притисок врз Москва, вели Захарова
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија е уверена дека западните санкции не се привремени или целни мерки, туку механизам за системски притисок врз Москва.
Таа нагласи дека западните земји, нивните сојузи и нивните поврзани сателити водат агресивна кампања против Русија.
- Целта е отворено декларирана: финансиска и технолошка изолација, поткопување на перспективите за долгорочен социоекономски...







































