Кој користи ЧетГПТ и што најчесто го прашуваат луѓето?

„Опен АИ“ ги објави резултатите од големото истражување Компанијата „Опен АИ“, создавач на ЧетГПТ, објави прво детално истражување за тоа кој најмногу го користи популарниот четбот и на кој начин го применува. Резултатите даваат увид во тоа како изгледа секојдневната комуникација на луѓето со вештачката интелигенција. Според извештајот, поголемиот дел од корисниците се жени, а најголемиот дел од разговорите немаат врска...

Од денеска времен режим на сообраќај на делниците Извор – Врбјани и Ботун – Климештани

Од денеска почнуваат градежните активности за рехабилитација на државниот пат А2, делница Извор – Врбјани и рехабилитација на државниот пат А2 делница Ботун – Климештани каде согласно издаденото Одобрение од Министерството за транспорт се воведува времена измена на режим на сообраќај, информираат од компанијата. Согласно одобрението од Министерството со број 11–6150/4 од 28 октомври 2025 година, времениот режим на овие...

Словенечката писателка Симона Хамер на книжевна резиденција во Скопје

Словенечката писателка, драматург и драмска авторка Симона Хамер е последната гостинка што престојува во Скопје на циклусот книжевни резиденции за 2025 година организиран од издавачката куќа „Готен“, поддржан од европската мрежа за преводи и книги „Традуки“. Нејзиниот прв роман „Цимери“ штотуку беше објавен во август 2025 година од „Цанкарјева заложба“. Така, книжевната резиденција дојде во вистинскиот момент за нејзиното...

Што е Грокипедија?

Илон Маск повторно се впушти во судир со Википедија, овој пат со лансирање онлајн енциклопедија преку својата компанија. Маск објави на Икс (поранешен Твитер) дека работи на проект наречен „Грокипедија“, кој, според неговите зборови, треба да биде „масовно подобрување“ во однос на Википедија. Откако го презеде Твитер, Маск често ја критикува Википедија, нарекувајќи ја пристрасна, а порано оваа година дури...

Самостојна изложба на Верица Ковачевска – „Кога водата ќе секне“

Во објектот „Чифте-амам“ на Националната галерија e поставена самостојната изложба на уметницата Верица Ковачевска со наслов „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)“, во кураторство на д-р Ана Франговска, кустос советничка во Националната галерија. Изложбата претставува ретроспективно продуцирана целина по повод 20 години творештво на Ковачевска и опфаќа осум мултимедијални инсталации – видео, звук, просторни инсталации, цртежи и партиципативни...

Бербата на грозје во Франција почнува сè порано поради високите температури

Бербата на грозје во француските вински региони оваа година повторно започна порано поради екстремните температури, а климатските промени сè повеќе го загрозуваат приносот, пишува „Франс прес“. Топлинските бранови и шумските пожари доведоа до загуба на културите и лозјата, како и до посилно ширење на болестите и штетниците. Падот на производството може да биде драстичен – до 50 проценти во...

„Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски во Гевгелија

Во организација на Националната галерија, во рамките на Гевгелија - град на културата, и во коорганизација на ЈОУ Дом на културата „Македонија“, во Музејот Гевгелија, уметничка галерија „Амам“, е поставена изложбата „Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски, која е поддржана од Министерството за култура и туризам и од Општина Гевгелија. Пределите на Кирил Гегоски, ослободени од своите физички граници и...

Мирка Гинова – учителка, револуционерка и народна хероина

Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите на Мирка Гинова, една од најзначајните женски фигури во македонската револуционерна историја. Родена е во 1916 година во селото Русилово, Воденско, во Егејска Македонија, тогаш дел од Кралство Грција. По професија учителка, таа рано се приклучува на антифашистичкото движење, а за време на Втората светска војна...

Фото: Силјановска – Давкова на свечена вечера приредена од Макрон за високите гости на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Силјановска - Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. - Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир. Само преку заемна...

Мерц во Анкара му оддаде почит на Ататурк, основачот на модерна Турција

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска положи венец во мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, за време на неговата посета на Анкара. Мерц се потпиша во книгата на сеќавања, поздравувајќи го Ататурк за воведувањето на нова „ера“ при основањето на турската република пред 102 години. - Неговите идеи продолжуваат да имаат влијание и денес во длабоко вкоренетото пријателство меѓу...