Софија го покажа вистинското лице

– Она што најмногу загрижува е бесрамниот обид на бугарскиот политички и државен врв, среде Македонија, која е прогресивна и историски докажано антифашистичка држава, да ни чествува фашист и националшовинист како што е Иван (Ванчо) Михајлов. Тоа е бесрамен обид од бугарска страна да покажат дека наводно имаме ист корен, што, секако, не е точно. Тоа е обид за дрско омаловажување на Македонија од страна на Бугарија. Омаловажување и провокации, кои, за жал, не наидоа на соодветна реакција од македонскиот политички и државен врв. И, конечно, тоа е слика и прилика и за Европската Унија и целиот свет да може да видат и да разберат каква е, всушност, Бугарија денес, какви политики и идеологија поддржува Бугарија како нивна членка, кога нивниот политички и државен врв на јавна сцена поддржува фашист и промовира повампирување на фашизмот.

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“

(ОБНОВЕНО)

ЛИНК до објавената содржина