Патописна репортажа за Македонија в петок ќе биде емитувана на најгледаната патописна емисија во светот „Глобо Репортер“. Ваквиот епитет емисијата го заслужи поради фактот што во Бразил ја гледаат, во просек, помеѓу 40 и 60 милиони гледачи. Се емитува на Глобо, кој се смета за најголем ТВ-канал во Латинска Америка и еден од најголемите во светот, нѐ информира македонскиот амбасадор во Бразил, Ивица Боцевски.