Прошетката на четири лава по пат во Јужна Африка предизвика сообраќаен метеж, а видео-снимката на која се забележува како животните безгрижно чекорат, следени од повеќе автомобили, се прошири преку социјалните мрежи. Невообичаениот настан се случил во јужноафриканскиот национален парк Кругер.