Велигден помина, лушпите останаа

Точно на полноќ, откако свештениците трипати изговорија „Христос воскресна. Навистина воскресна“, низ дворовите на црквите се слушаа карактеристичните звуци од кршењето со јајца и на големо се лупеа скршените јајца, чии лушпи завршија на земјата во црковните дворови и околните улици онаму каде што дворовите беа претесни за сите верници. За жал, не беа само лушпите од јајца, тука имаше и влажни марамчиња, салфетки, шишиња, догорчиња од цигари што верниците ги оставија
зад себе

Велигденското празнување заврши, односно заврши барем оној главниот дел, иако, според религијата, поздравот „Христос воскресе“ треба да го користиме дури до Спасовден.
Празнувањето помина во најдобар ред. Верниците беа воздржани, во исчекување и во духот на православната религија, со исклучок на помали инциденти, а едно лице беше лишено од слобода поради несоодветно однесување пред Соборниот храм во центарот на Скопје.
Црквите беа преполни, црквените дворови полни со верници, кои гладно го очекуваа објавувањето на Христовото воскресение. Соборниот храм броеше верници и надвор по должината на булеварите. За момент, навистина беше убаво да се биде дел од целата таа празнична атмосфера, од мирот и спокојот што за момент владееја.
Велигден помина, но се поставува прашањето што оставивме како отпад зад себе, или попрецизно, зошто оставаме толку ѓубре зад себе по празникот и по други масовни јавни собирања.
Точно на полноќ, откако свештениците трипати изговорија „Христос воскресна. Навистина воскресна“, низ дворовите на црквите се слушаа карактеристичните звуци од кршењето со јајца и на големо се лупеа скршените јајца, чии лушпи завршија на земјата во црковните дворови и околните улици онаму каде што дворовите беа претесни за сите верници. За жал, не беа само лушпите од јајца, тука имаше и влажни марамчиња, салфетки, шишиња, догорчиња од цигари што верниците ги оставија зад себе.
Шареноликоста на фарбаните јајца правеше виножито од отпадоците на земјата, а потоа, истите тие отпадоци се лепеа за обувките на минувачите. И целиот тој мозаик никако не се вклопуваше во таа убава празнична атмосфера. Идиличната претстава заврши. Траеше премногу кратко.
А беа објавени апели да се празнува достоинствено, но залудно. Дури и преку нашиот весник и портал, а и преку другите медиуми, беа објавени апели за достоинствено празнување, со посебно внимание на зачувување на околината од загадување со механички отпад.

За среќа, онаму каде што не се празнуваше и по улиците, домарите од црквите си ја завршија уредно работата. Веќе на велигденското утро, црквените дворови беа средени и покрај огромниот број верници.
Онаму каде што, пак, имаше верници и по улиците, работата ја завршија комуналците. И тие успешно ги санираа празничните последици. А да не се лажеме, ѓубре навистина имаше премногу и тоа е навистина под секое достоинство кога треба да манифестираме чистота и вера.
Среќа и што навреме ја завршија работата, инаку ќе беа „на столбот на срамот“, и тоа од оние што вечерта фрлиле најмногу ѓубре, затоа што кај нас обично виновникот е првиот што покажува со прстот кон другиот.
Празниците треба да се прославуваат достојно на денот, достојно на Бога. Надворешната манифестација на верата не ни е на високо ниво, а тоа се докажува со секој ваков поголем празник.

Всушност, потиснувањето на неконтролираните „нагони за загадување“ мора да профункционира почнувајќи од најмала возраст, во семејството, низ воспитувањето и образованието, низ социјалната дружба и низ сите други форми на социјализирање: спорт, рекреација, излети, екскурзии, извиднички акции итн., затоа што квалитетот на живеењето и дружењето се одликува меѓу другото и со односот кон природата и околината и нивното почитување, а не со некакво примитивно однесување, кое, за жал, сѐ уште го практикуваме…

За жал, како и секоја година така и оваа, некои од граѓаните и верниците ја покажаа својата некултура во однос на хигиената и фрлањето ѓубре. Дека хигиената и не ни е баш најдобра страна досега многупати докажавме и покажавме, а тоа лесно може да се види и по степенот на хигиена во земјава, а и по овој Велигден.
Сепак, мора да се согласиме дека некои локации и случувања воопшто не го заслужуваат таквото нехигиенско и неодговорно однесување од наша страна. Понекогаш таквите постапки за загадување мора да ги контролираме, бидејќи не ни прилегаат ниту нам ниту на околината во која се наоѓаме ниту, пак, на поводот за кој сме се собрале.
Всушност, потиснувањето на неконтролираните „нагони за загадување“ мора да профункционира почнувајќи од најмала возраст, во семејството, низ воспитувањето и образованието, низ социјалната дружба и низ сите други форми на социјализирање: спорт, рекреација, излети, екскурзии, извиднички акции итн., затоа што квалитетот на живеењето и дружењето се одликува меѓу другото и со односот кон природата и околината и нивното почитување, а не со некакво примитивно однесување, кое, за жал, сѐ уште го практикуваме…

[email protected]