Двете цели и безбројните апели на лидерите на „Отворен Балкан“

Втората и многу важна порака од координираниот настап на Рама, Вучиќ и Ковачевски се однесува на манифестирање силно изразена волја за градење добрососедски односи меѓу трите земји. Ова особено е значајно за Македонија, која во овие моменти води и битка против безумната бугарска офанзива за негирање на македонскиот идентитет токму под „закрилата“ на добрососедство, за која европските институции молчат поради некаква „европска солидарност“! Ако се направи споредба за добрососедските политики, произлегува дека Бугарија, која е земја-членка на Европската Унија, е единствена во овој потесен балкански ринг што е извор на нестабилност во регионот

Француско-бугарската сага за кревање на бугарското вето за почнување на пристапните преговори за Македонија со Европската Унија неделава ќе ја добие својата завршница. Многу „слаткоречиви“ зборови се искажаа од францускиот претседател Емануел Макрон и бугарскиот премиер Кирил Петков по повод одлуката на бугарското национално собрание за усвојување на предлогот на француското ротирачко претседателство со ЕУ (дополнет со неколку нови услови), кое ќе заврши и формално за ден-два. По одбивањето на предлогот од македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кое беше искажаново Брисел, беше преповторен нашиот став дека „Париз сега има и позиција на Бугарија и на Македонија и треба да најде начин како да ги приспособи двете позиции за да дојде до решение што ќе ги остави двете страни еднакво задоволни или незадоволни“. Според објаснувањата на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, нашите барања за евентуалното прифаќање на францускиот предлог се однесуваат на два збора за употребата на терминот „протокол“ и за толкувањето на зборот „отворање“!? Што конкретно значи тоа, останува да се разјасни во тесните дипломатски кругови и комуникација на релацијата Париз – Софија – Скопје. Очекувано, до крајот на јуни ќе го дознаеме и одговорот за тоа дали францускиот предлог е само уште еден од низата неуспешни обиди на Брисел да се задоволат националистичките каприци на бугарската политичка елита.
Меѓутоа, во заднината на сите овие случувања околу процесот на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, кој последните години е целосно блокиран од неподготвеноста на Брисел за прием на нови членки, гледано низ регионална призма, сѐ почесто добиваат на значење други два збора, а тоа е „Отворен Балкан“. Пред одржувањето на минатонеделниот самит на ЕУ – Западен Балкан, за политичките аналитичари што се заговорници на „европската идеја“ остана незабележано одлуката на тројцата лидери од иницијативата на „Отворен Балкан“, за неодење во Брисел, поради јасните пораки дека нема ништо значајно да се случи во напредокот на пристапните процеси кон Албанија, Србија и Македонија. Иако се знаеше дека оваа одлука на албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Димитар Ковачевски е начин на вербално искажана дипломатска нота на досегашната, веќе и дискриминаторска политика на Европската Унија кон земјите од регионот кога станува збор за евроинтегративните процеси, тоа се потврди и на самитот во Брисел, кога пропадна и последната можност за давањето зелено светло на преговорите за Албанија и за Македонија.

Ваквиот начин на изразување на регионалната солидарност и гласното и усогласено негодување на политиките на Брисел наедно претставуваат и прв координиран „политички потег“ на тројката лидери од „Отворен Балкан“. Се разбира, почетна идеја на балканскиот мини-шенген беше да функционира само на економски основи и за промовирање на регионалната соработка на компаниите и, најверојатно, тоа ќе биде и главната агенда во иднина. Но демонстрирањето заедништво во настапите пред евробирократите има(ше) две цели, кои беа целосно исполнети. Првата е да се испрати јасна порака до Брисел дека мора да се прекине со потценувачкиот однос кон земјите од регионот со вечното држење на дистанца и нивното користење како политичко средство за расчистување на сметките со Русија, која покажува еднаков интерес да биде присутна со своето влијание во регионот.
Втората и многу важна порака од координираниот настап на Рама, Вучиќ и Ковачевски се однесува на манифестирање силно изразена волја за градење добрососедски односи меѓу трите земји. Ова особено е значајно за Македонија, која во овие моменти води и битка против последната бугарска офанзива за негирање на македонскиот идентитет токму под „закрилата“ на добрососедство, за која европските институции молчат поради некаква „европска солидарност“! Ако се направи споредба за добрососедските политики, произлегува дека Бугарија, која е земја-членка на Европската Унија, е единствена во овој потесен балкански ринг што е извор на нестабилност во регионот. Официјална Софија е единствената што настапува со негирање на една соседна нација и држава, со поставување неприфатливи услови кон Македонија. За споредба, во рамките на соработка на „Отворен Балкан“ не постојат отворени политички судири на релацијата Албанија, Србија и Македонија.
За тоа во кој правец ќе се движи идното расположение на граѓаните од регионот, по целосната блокада на проширувањето од страна на Европската Унија, може да послужат и истражувањата за поддршката што ја даваат за регионалната соработка, која е во постојан раст.

Изразувањето на регионалната солидарност и громогласното и усогласено негодување на политиките на Брисел наедно претставуваат и прв координиран „политички потег“ на тројката лидери од „Отворен Балкан“. Се разбира, почетната идеја на балканскиот мини-шенген беше да функционира само на економски основи и за промовирање на регионалната соработка на компаниите и, најверојатно, тоа ќе биде и главната агенда во иднина. Но демонстрирањето заедништво во настапите пред евробирократите има(ше) две цели, кои беа целосно исполнети. Првата е да се испрати јасна порака до Брисел дека мора да се прекине со потценувачкиот (деградирачки, лицемерен, превртлив и каков сѐ уште не) однос кон земјите од регионот со вечното држење на дистанца!

Наспроти ова, довербата во ЕУ, меѓу граѓаните и меѓу бизнис-заедницата на Западен Балкан, опаѓа, исто како и верувањето дека некоја од земјите би станала членка на ЕУ. До слични резултати се дојде во истражувањата на „Балкански барометар 2022“ и на „Секјируметар 2022“, кои редовно ги спроведува Советот за регионална соработка. Околу 76 отсто од граѓаните и 69 отсто од бизнисмените ја поддржуваат регионалната соработка и веруваат дека има големо значење во подобрувањето на политичката, економската и безбедносната состојба во нивните земји. Во исто време, за првпат по 2015 година опаѓа поддршката за членство во ЕУ, и таа изнесува 60 отсто за Западен Балкан. Во Македонија е уште пониска, изнесува 56 отсто, додека дури 28 отсто од испитаниците не веруваат дека нивната земја кога било ќе стане членка на ЕУ, што е зголемување од 6 проценти во споредба со една година порано.
Истражувањата, кои се направени од средината на февруари до средината на март 2022 година, на примерок од над 6.000 граѓани од Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и од Србија, даваат една поинаква визија за иднината на иницијативата за „Отворен Балкан“. Особено ако се следат и настапите на новиот црногорски премиер Дритан Абазовиќ и на државните функционери на Босна и Херцеговина, чии ставови за регионалната иницијатива се сѐ пооптимистички. Конечно, ако на Запад не се случува ништо ново, на Западен Балкан нешто се движи…