По­втор­но на за­бо­ра­вен спо­ре­ден ко­ло­сек – европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја на За­па­ден Бал­кан 

Што зна­чи по­ни­шту­ва­ње­то на Источ­но­то парт­нерс­тво на Европ­ска­та Уни­ја за ма­ке­дон­ска­та европ­ска ин­те­гра­ци­ја? Не по­сто­јат под­ла­бо­ки во­до­дел­ни­ци од вој­ни­те. Тие се­ко­гаш ја за­бр­зу­ва­ле исто­ри­ја­та и го пре­у­ре­ду­ва­ле свет­ски­от по­ре­док. Не за џа­бе збо­ру­ва­ме за пред­во­е­на и по­во­е­на со­стој­ба. Оваа сед­ми­ца све­до­чев­ме ка­ко вој­на­та ис­цр­та но­ва ге­о­по­ли­ти­ка во Евро­па.
Во сре­да­та Европ­ска­та ко­ми­си­ја го отво­ри го­ди­неш­но­то из­да­ние на па­ке­тот за про­ши­ру­ва­ње што тра­ди­ци­о­нал­но го со­др­жи оп­шти­от до­ку­мент, кој на вре­ме­то се ви­ка­ше „стра­те­ги­ски до­ку­мент“ (strategy paper), a се­га се ви­ка „Из­ве­сту­ва­ње за по­ли­ти­ка­та на про­ши­ру­ва­ње на ЕУ“ (Communication on EU Enlargement Policy), ка­ко и де­тал­ни­те из­ве­штаи за зем­ји­те кан­ди­да­ти, но и за Ко­со­во. Иа­ко нам на­ви­дум ни изг­ле­да де­ка овие из­ве­штаи по­сто­е­ле отсе­ко­гаш за Ма­ке­до­ни­ја, се­пак це­ли­от про­цес е од по­нов да­тум. Со Ам­стер­дам­ски­от до­го­вор од 1997 го­ди­на, ЕУ ко­неч­но го ис­цр­та па­тот на зем­ји­те од пос­тко­му­ни­стич­ка Евро­па кон Бри­сел, па го прет­ста­ви и про­це­сот на про­ши­ру­ва­ње, кој со из­вес­ни раз­ли­ки и де­нес е во си­ла. За­тоа пр­ви­те из­ве­штаи за про­ши­ру­ва­ње да­ти­ра­ат од 1998 го­ди­на, а се од­не­су­ва­ат на то­гаш­ни­те 12 зем­ји во про­це­сот. Не­кои ур­ба­ни ле­ген­ди што се ши­рат низ бри­сел­ски­те ход­ни­ци твр­дат де­ка от­то­гаш се сле­ди и Ма­ке­до­ни­ја, па де­ка уште од 1998 го­ди­на се изра­бо­ту­ва­ле не­кои на­црт-из­ве­штаи и за нас, ме­ѓу­тоа ви­сти­ни­то­ста на тие твр­де­ња ќе тре­ба до­пр­ва да ја утвр­ди не­кој иден ма­ке­дон­ски исто­ри­чар ко­му ќе му би­дат до­стап­ни ар­хи­ви­те на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за прод­ла­бо­че­но истра­жу­ва­ње. Неј­се, во де­лот на јав­но об­ја­ве­ни­те до­ку­мен­ти Ма­ке­до­ни­ја пр­ви­от из­ве­штај го до­би во 2006 го­ди­на, но прет­ход­но мо­же да се сме­та де­ка прв до­ку­мент на Европ­ска­та ко­ми­си­ја што ста­на дел од по­ли­тич­ки­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше Мис­ле­ње­то на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за ма­ке­дон­ско­то ба­ра­ње за членс­тво од 2005 го­ди­на (и стра­те­ги­ски­от до­ку­мент на ЕК од таа го­ди­на се по­ви­ку­ва на овој до­ку­мент).
Не­ма да се за­ни­ма­вам со ана­ли­за на го­ди­неш­ни­от из­ве­штај, за­тоа што и по­ве­ќе од до­вол­но е ка­жа­но до­се­га во јав­но­ста. Дол­жен сум, се­пак, да на­по­ме­нам де­ка осум­на­е­сет­то­то из­да­ние на из­ве­шта­јот за на­пре­до­кот од 2023 го­ди­на ќе би­де гра­нич­ник во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка. Но, тоа не е те­ма на оваа ко­лум­на.

За ме­не мно­гу по­за­гри­жу­вач­ки се по­ра­ки­те што стиг­ну­ва­ат од Бри­сел за те­ктон­ска­та про­ме­на на про­це­сот на про­ши­ру­ва­ње, по­точ­но на европ­ска­та ге­о­по­ли­ти­ка, ка­ко ре­зул­тат на ру­ска­та ин­ва­зи­ја врз Укра­и­на. До 22 фе­вру­а­ри 2022 го­ди­на европ­ски­от ге­о­по­ли­тич­ки све­тог­лед бе­ше мно­гу ед­но­ста­вен. По­сто­е­ше ре­ска гра­ни­ца по­ме­ѓу по­ли­ти­ка­та на про­ши­ру­ва­ње, на­со­че­на кон ид­ни­те пол­но­прав­ни зем­ји член­ки на ЕУ, ка­де што вле­гу­ваа др­жа­ви­те од За­па­ден Бал­кан и Тур­ци­ја, од ед­на стра­на, и зем­ји­те на „европ­ска­та со­сед­ска по­ли­ти­ка“ од пос­тсо­вет­ски­от про­стор и од Ме­ди­те­ра­нот, од дру­га стра­на. Со те­кот на вре­ме­то, Тур­ци­ја се изд­вои ка­ко спе­ци­ја­лен слу­чај, а За­па­ден Бал­кан оста­на за­ро­бен во ве­чен „лет во ме­сто“ кон ЕУ, со иск­лу­чок на Хр­ват­ска, ко­ја ста­на пол­но­прав­на зем­ја член­ка на Уни­ја­та во 2013 го­ди­на. Во ме­ѓу­вре­ме, ме­ди­те­ран­ска­та по­ли­ти­ка на ЕУ до­жи­веа ви­стин­ски бро­до­лом, па на­ме­сто соз­да­ва­ње „при­ви­ле­ги­ра­но парт­нерс­тво“ и по­јас на ми­рот око­лу Уни­ја­та, све­до­чи­ме на гра­ѓан­ски вој­ни, ми­гра­ци­ски кри­зи, про­пад­на­ти др­жа­ви и по­сто­ја­на кри­за во не­по­сред­но­то јуж­но со­седс­тво на со­ју­зот. Што ста­на со не­ко­гаш­на­та европ­ска ви­зи­ја за Ме­ди­те­ра­нот е пра­ша­ње за до­бра ана­ли­за во Бри­сел и во глав­ни­те гра­до­ви на Уни­ја­та. Исто­вре­ме­но пред на­ши­те очи се рас­пад­на и Источ­но­то парт­нерс­тво. Укра­и­на, Мол­да­ви­ја и Гру­зи­ја на­пре­ду­ваа во зем­ји кан­ди­да­ти за членс­тво во ЕУ, со Бе­ло­ру­си­ја се пре­ки­наа си­те од­но­си, а Ер­ме­ни­ја и Азер­беј­џан ве­ќе ни­кој не ги спом­ну­ва во не­ка­ков европ­ски кон­текст. Бес­пред­мет­на е се­га ди­ску­си­ја­та за европ­ска­та по­ли­ти­ка кон Ру­си­ја за че­ти­ри­те за­ед­нич­ки про­сто­ри. Јас­но е де­ка пре­стои дол­го­тра­ен стра­те­ги­ски пре­кин на од­но­си­те по­ме­ѓу Ру­си­ја и Европ­ска­та Уни­ја, по­точ­но по­ме­ѓу „ру­ски­от свет“ и зем­ји­те што се во ор­би­та­та на единс­тве­ни­от европ­ски па­зар.

Про­ме­на­та на европ­ска­та ге­о­по­ли­ти­ка не е ни­ка­де тол­ку вид­ли­ва ка­ко во по­ли­ти­ка­та на про­ши­ру­ва­ње­то, а таа си нај­де и свој би­ро­крат­ски израз низ го­ди­неш­ни­от па­кет за про­ши­ру­ва­ње­то. За­па­ден Бал­кан се нај­де во исти­от куп со зем­ји­те од три­те но­ви зем­ји кан­ди­да­ти од пос­тсо­вет­ски­от про­стор. За жал, на­ме­сто да заѕ­во­ни алар­мот низ си­те глав­ни гра­до­ви во ре­ги­о­нот, се чи­ни ка­ко ни­кој да не се воз­не­ми­рил од оваа су­штин­ска про­ме­на на по­ли­ти­ка­та на про­ши­ру­ва­ње­то. Изг­ле­да ка­ко Бал­кан­ци­те да се умо­ри­ле од веч­на­та те­ма европ­ска ин­те­гра­ци­ја, па оваа ле­тар­ги­ја ка­ко да ги за­фа­ти­ла и врв­ни­те по­ли­ти­ча­ри и дип­ло­ма­ти од ре­ги­о­нот.
Ни­кој не ја спо­ри акту­ел­на­та по­ли­ти­ка на Европ­ска­та Уни­ја кон Укра­и­на, еко­ном­ска­та и во­е­на­та по­мош што те­че кон Ки­ев, ка­ко и јас­на­та европ­ска­та перс­пе­кти­ва за зем­ја­та. Ме­ѓу­тоа, укра­ин­ско­то европ­ско пра­ша­ње е по­се­бен слу­чај, исто ка­ко и тур­ско­то европ­ско пра­ша­ње. За раз­ли­ка од зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан, Укра­и­на е пре­го­лем за­лак за Уни­ја­та и не мо­же да би­де сме­сте­на во иста­та гру­па, ка­ко и Ал­ба­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Цр­на Го­ра, Ко­со­во и Бос­на и Хер­це­го­ви­на. За си­те бал­кан­ски зем­ји европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја не е нов про­цес, тие одам­на ги има­ат фор­ми­ра­но си­те по­треб­ни те­ла за не­пре­чен пат кон Бри­сел и, ако би­де­ме со­се­ма искре­ни, одам­на зас­лу­жу­ва­ат и членс­тво во Уни­ја­та. Еко­ном­ски­от про­стор на Бал­ка­нот е со­ста­вен дел на единс­тве­ни­от европ­ски па­зар и пул­си­ра во ист ри­там со Европ­ска­та Уни­ја, а це­ли­от За­па­ден Бал­кан е двој­но по­мал од Укра­и­на, и ге­о­граф­ски и по на­се­ле­ние. Ле­ги­ти­мен е стра­вот де­ка Укра­и­на ќе ја за­ро­би це­ло­куп­на­та по­ли­тич­ка и ад­ми­ни­стра­тив­на енер­ги­ја на Бри­сел, па Бал­ка­нот по­втор­но ќе има спо­ред­но зна­че­ње за Уни­ја­та и за про­це­сот на про­ши­ру­ва­ње­то. Итај­ќи да ѝ по­мог­не на Укра­и­на, Европ­ска­та Уни­ја лес­но мо­же по­втор­но да го сме­сти Бал­ка­нот на за­бо­ра­ве­ни­от спо­ре­ден ко­ло­сек.
Ве­ро­јат­но зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан ќе мо­же да ја отво­рат оваа ди­ску­си­ја со ЕУ до­кол­ку на­ста­пат за­ед­нич­ки кон Бри­сел. Во мо­мен­тов тоа изг­ле­да не­воз­мож­но за­тоа што ре­ги­о­нот го за­фа­ти­ла не­ка­ква се­бич­ност, па се­кој ја гле­да европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја над­вор од ре­ги­о­нал­ни­от кон­текст, не­ба­ре не сме си­те вр­за­ни во иста­та игра. До­кол­ку се­га не се ре­а­ги­ра за­ед­нич­ки во ЕУ, од след­на­та го­ди­на Бри­сел не­ма да пра­ви ни­ка­ква раз­ли­ка по­ме­ѓу За­па­ден Бал­кан и но­ви­те три пос­тсо­вет­ски зем­ји кан­ди­да­ти за ЕУ. Та­ков ге­о­по­ли­тич­ки све­тог­лед на Европ­ска­та Уни­ја во­оп­што не му од­го­ва­ра на За­па­ден Бал­кан, па се по­треб­ни од­луч­на и за­ед­нич­ка по­ли­тич­ка и дип­ло­мат­ска ре­ак­ци­ја на зем­ји­те од ре­ги­о­нот.

Гло­ба­ли­за­ци­ја­та, ка­ква што ја зна­ев­ме, за­вр­ши на 24 фе­вру­а­ри 2022 го­ди­на. За жал, Ма­ке­до­ни­ја уште не го за­вр­ши сво­јот стра­те­ги­ски про­ект за влез во Европ­ска­та Уни­ја ка­ко пол­но­прав­на зем­ја член­ка, по­ста­вен во да­леч­на­та 1989 го­ди­на, ко­га све­тот за­че­ко­ру­ва­ше во ера­та на гло­ба­ли­за­ци­ја­та. Ма­ке­дон­ска­та европ­ска ин­те­гра­ци­ја оста­ну­ва на­ци­о­на­лен про­ект и за све­тот на постг­ло­ба­ли­за­ци­ја­та, овој тур­бу­лен­тен и не­пред­вид­лив свет што до­пр­ва ќе се ус­лож­ну­ва. Иа­ко по­сто­јат нај­а­ви де­ка вој­на­та мо­же­ше да ја за­бр­за европ­ска­та ин­те­гра­ци­ја на це­ли­от ре­ги­он на За­па­ден Бал­кан, но и на Укра­и­на, Мол­да­ви­ја и на Гру­зи­ја, се­пак, не изг­ле­да де­ка не­шта­та по­се­ри­оз­но ќе се прид­ви­жат, а прок­ла­ми­ра­на­та цел за под­го­тве­ност за членс­тво до 2030 го­ди­на не­ка­ко не ус­пе­ва да би­де оп­што­при­фа­те­на во Бри­сел и во глав­ни­те гра­до­ви на Уни­ја­та. Овој де­кем­ври Европ­ски­от со­вет ќе ди­ску­ти­ра за ид­ни­на­та на про­ши­ру­ва­ње­то. На ма­са­та се ста­ве­ни мно­гу оп­ции, но единс­тве­но пол­но­прав­но­то членс­тво или ба­рем вле­зот во отво­ре­ни­от па­зар мо­же трај­но да ги за­ко­тви зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан во Европ­ска­та Уни­ја. Зак­лу­чо­ци­те од овој Европ­ски со­вет ќе ги опре­де­лат и глав­ни­те прав­ци на ид­ни­на­та на про­це­сот на про­ши­ру­ва­ње­то. Би би­ло мно­гу упат­но до­кол­ку за­ед­нич­ка дип­ло­мат­ска ак­ци­ја на си­те за­пад­но­бал­кан­ски дип­ло­ма­тии про­из­ве­де по­се­бен про­цес за на­ши­от ре­ги­он, јас­но од­во­ен и од три­те но­ви пос­тсо­вет­ски зем­ји кан­ди­да­ти, а се раз­би­ра и од Тур­ци­ја. Си­те дру­ги ал­тер­на­ти­ви са­мо го про­дол­жу­ва­ат бал­кан­ски­от „лет во ме­сто“ … во не­дог­лед.

Ивица Боцевски