Изместени изборни теми

  • Не е до дијаспората, која не постои, од неа формално-правно и власта и опозицијата одамна се откажале, туку до изборната единица што сите ја сакаат за никогаш да ја нема!

По правило, сме ЗА: сите македонски државјани да гласаат, каде и да се. Тоа е уставно право, за кое државата треба да создаде услови. Дали е секогаш така, е друго прашање… Меѓутоа мора на сите да им биде јасно: Не гласаат даночните обврзници, ниту попишаните, гласаат полнолетните од книгата на државјани! Во некои држави пропишана е казна за тие што не гласаат. Кај нас избирачкото право не е обврска, иако сите бараат од власта за која не гласаат…
Се разбира, не сите македонски државјани се Македонци по потекло, ама и не сите Македонци по потекло се македонски државјани. Македонците по потекло во светот се неколкупати повеќе од македонските државјани, ама од нив се откажа државата – и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Се откажаа со договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и со спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2018 година.
И не туку повторувајте иста небулоза: Да гласа, па да гласа дијаспората!
Имено, НЕ гласа македонската дијаспора, таа не постои!
Во светот како глобално село – кибернетско општество со високи технологии и телекомуникации, НЕ ПОСТОИ дијаспора!
Гласаат само македонските државјани, иако не сите во светот и татковината сакаат да гласаат.
Многу Македонци во светот ги прекинаа врските со политичката номенклатура во Македонија поради промената на името на државата и идентитетот на нацијата. Им останаа југословенските пасоши, тие што ги имаа, нови со северна не извадија. На овие во татковината на власт не им текнува каде е маната.
На парламентарните избори во 2016 година не се пријавија ниту 6.000 избирачи во седмата изборна единица, еее 6.000 избирачи во цел свет. И власта и опозицијата не мрднаа со малиот прст да ги анимираат да гласаат, не им беа потребни! Парламентарните избори во 2016 година во седмата изборна единица, за жал, не беа организирани. За едно пратеничко место во седмата изборна единица беа потребни најмалку 6.700 избирачи и под услов ако сите гласаат за еден кандидат. Собирањето потписи во дипломатско-конзуларните претставништва за еден независен кандидат во седмата изборна единица е 1.000 избирачи, што е еднакво на невозможна мисија. Плус остана обврската за избирачите во седмата изборна единица на активна пререгистрација на секои избори, што дополнително ги одврати и тие што сакаа таму да гласаат… СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за овој проблем останаа глуви. Ниту ги прашуваат тие што знаат. Глупите секогаш знаат сѐ.

Едно време, СДСМ бараше активна пререгистрација за секои избори и во Македонија – кој ќе се пријави тој гласа, од нив да се определува цензусот за валидност…
Друга е болката: Од попишаните 200.000 македонски државјани во светот на пописот во 2021 година, попишани и оние со лекарски рецепт, сметка за струја или вода, Македонци по потекло беа попишани само 5.000! Впрочем, 150.000 македонски државјани Заводот за статистика ги попиша од кутура, административно, под претпоставка што се и кои се хахаха. Идиоти!
Не заборавајте, од повторениот попис во 1994 година, за да не биде бојкотиран, беа попишани 150.000 Косовци како македонски државјани. Ним во графата државјанство им се впишуваше „постапката е во тек“! Овие, ниту живеат во Македонија, ниту на Косово, работат во Европската Унија, ама други ги полнат кутиите во Македонија наместо нив: „Оџата“ со „калашников“ влегува во избирачкото место во 18.45 часот, ја полни кутијата со 1.000 ливчиња иако во селото не живеат ниту 10 жители и бонусот е исполнет. Среќна е партијата што ДУИ ја има во коалиција.
Најголемиот проблем на државноста е книгата на државјани! Невозможни се избори и пописи без прочистена книга на државјани – исти лица се попишуваат во пет држави на Балканот…
Патем, не заборавајте, во Дирекцијата за матични евиденции, чиј директор беше од ДУИ, Заводот за ревизија, пред пописот во 2021 година, откри 100.000 неевидентирани изводи од матични книги на родени и никому ништо, уште илјадници неправилно издадени изводи од матични евиденции, важно сме 30 отсто, а овие платените говеда во власта инкасираа провизии и ништо не гледаа, ништо не слушаа, ништо не зборуваа… Три разузнавачки служби го полнеа пописот во Македонија во 2021 година, бугарска фирма ја даваше софтверската логистика… Зини земјо голтни ги!
Власта го избриша членот од Законот за државјанство за безусловен прием во македонско државјанство за Македонците по потекло во светот. Важно, на големо им се издаваат албански, српски, бугарски, грчки државјанства на македонските државјани… Не може да се издаваат само македонски државјанства за Македонците по потекло во соседството…

И ај сега, која „дијаспора“ ќе гласа кога не постои?
Но не е до „дијаспората“, која не постои, туку до изборите во една изборна единица со преференцијални и отворени листи за да се тргнат од сцена исти тендераши на чело на партиските кандидатски листи од партиите што работат како ДООЕЛ – директорот ги именува сите и „сите“ го избираат директорот, кругот е затворен. Или, пак, нека се врати мнозинскиот изборен модел, ама со 90 пратеници – 90 изборни единици. Впрочем, 120 пратеници не се потребни за држава со 2.000.000 ефективно присутни во Македонија.
И доста со заменик-министри, заменик-директори, заменик-помошници, заменик-секретарки, заменик-чистачки… Доста од министерства со 1.000 вработени, од кои во министерството седат 10, а 990 работат во Западна Европа… Олабавете го буџетот од паразити…
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот. Амин!