Фото: Горан Анастасовски

Патохистолошкиот наод, микробиолошкиот и молекуларниот наод од Факултетот за ветеринарна медицина утврди дека угинувањето на жирафата Флопи се случило како последица на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови, соопшти скопската зоолошка градина.

-Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни. Ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи агресивниот карцином веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза – се вели во соопштението на ЗОО Скопје.

Флопи беше последна жирафа во скопската зоолошка. Угина пред 10 дена, неколку часа откако јавноста ја затекна веста дека починал Ристе Трајковски, негувател во скопската зоолошка градина, неколку часа подоцна, денес угина и последната жирафа Флопи.

Крај на една од најубавите скопски приказни