Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.9. е регистриран вечерва во 21 часот и 46 минути во скопското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.