Фото: Маја Јаневска -Илиева

Бојан Маричиќ нема мандат ниту овластување од граѓаните да разговара нешто што не е одобрено од граѓаните. Наместо да троши енергија за тоа, Маричиќ нека започне да се занимава со решавање на проблеми како и со акутната неспособност на власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако вицепремиерот кажа дека верува дека е време да се разговара со нив за уставните измени и да се дојде до разумни аргументи.

Маричиќ верува дека е време со ВМРО-ДПМНЕ да се разговара за уставните измени и да се дојде до разумни аргументи

-На површина излегува дека власта нема мнозинство за уставни измени, наспроти кампањата која ја тераше цела година дека се на прагот. Единствено за што власта може да разговара со ВМРО-ДПМНЕ е потребата за предвремени парламентарни избори, бидејќи е јасно што побрзо си замине оваа криминална влада, тоа ќе биде подобро за Македонија -реагираат од партијата.