ФОТО:Вмро-дпмне/принтскрин

Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ велат дека добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност.

– Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи се друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните – реагираат од опозициската партија.