Фото: Каролина Мицевска
Прилепчанецот Влатко Орданоски, беше најсреќен меѓу 123 ца кои скокаа по осветениот крст во аквапаркот во Прилеп.Го фати крстот и од општина

Прилеп и неколку фирми доби подароци.
Празникот Водици или Богојавление, денот кога Св Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан беше одбележан и во 15 населени места.
Крштевањето односно духовното раѓање претставува една од повеќето свети тајни на христијанството, ден кога традиционално се собираат граѓаните за овај чин на светото фрлање на крстот и осветување на водите.
-Им благодарам на општествено одговорните компании кои што традиционално го помагаат овој свет чин и настан.
Во оваа прилика им го честитам празникот и на претставниците на црквата, на свештените лица, на нашата Македонска Православна Црква, на Преспанско-Пелагониската Епархија и впрочем на сите православни христијани и на сите Македонци. На  пронаоѓачот на светиот крст во Прилеп, Влатко Орданоски, му посакувам да го следи многу среќа оваа година, него и неговото семејство, да имаат добро здравје, мир и бериќет.
Денес испраќаме порака да останиме здрави и живи, да ги пребродиме сите премрежја со кои се соочуваме како народ и како држава и со верба во Бога да останиме сплотени и цврсти во намерата дека мораме да останиме свои на своето и да имаме просперитет во оваа нова година-рече  градоначалникот Борче Јовчески.