Фото: ВМРО -ДПМНЕ

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој – соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ по седницата на Централниот комитет на партијата.

Како што се наведува во соопштението по средбата, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски го информирал претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.

– Претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани – се посочува во соопштението.

Мицкоски исто така информирал и дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да се сполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните.