Уставниот суд денеска ја одржа 20. седница на која се дискутираше по три иницијативи за оценување на уставноста. Судот донесе одлука да нe се поведува постапка за оценување на уставноста на Законот за јавното обвинителство во целина и посебно оспорените член 4 став 2 и член 29 ставови 2 и 3 од означениот закон.
-Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на: указ за прогласување на Законот за јавното обвинителство бр.08-1411/1 од 16 февруари 2020 година; член 110 ставови 1, 2 и 3 и член 113 од Закон означен во точката 1 од ова решение и деловите на иницијативите со кои се бара меѓусебна оцена на согласноста на означените акти во точката 1 и точка 2 алинеи 1 и 2 од ова решение со одредбите од Деловникот на Собранието и одредбите од Деловникот за работа на Владата – наведуваат од Уставен суд.
Судот цени дека уставните одредби не ја регулираат постапката која им претходи на донесувањето на законите и прашањата кои би значеле оценување на согласноста на конкретниот закон и на Деловникот на Собранието, во кој е разработена постапката за носење на законите, што значи дека нема надлежност да врши такво оценување. Што се однесува до прашањето на донесувањето на Законот за јавното обвинителство, од направената анализа произлезе дека оспорениот Закон е донесен со потребното двотретинско мнозинство.
Судот ги отфрли наводите за испитување на уставност на Указот за прогласување на Законот за јавното обвинителство бидејќи не претставува претставува пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот.
Уставниот суд одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 2 во делот: „во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка од член 5 став 3 од овој закон“ од Законот за финансиска подршка на социјално ранливите категории на граѓани за справување со енергетската криза.
Според содржината на оспорените одредби „корисникот кој не е на списокот од член 5 став 3 од овој закон, а кој смета дека ги исполнува условите како корисник на правото од член 2 од овој закон, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка од член 5 став 3 од овој закон”.
Судот изрази сомнеж дека може да се постави прашањето за уставноста на оспорениот дел од одредбата кој утврдува краток рок со кој се оневозможуваат граѓаните да остварат законско право.
Уставниот суд ја отрфли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за утврдување на регулаторна тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021 – 2023 година УП1 бр.08-62/20 од 15 април 2021 година, и Решението за утврдување на регулаторна тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈП „Нискоградба“ Охрид за регулиран период 2021 – 2023 година УП1 бр.63/20 од 15 април 2021 година.
-Се укинуваат член 152 став 1 точка 2) во делот: „став (4)” од Законот за градење – додаваат од Уставен суд.