Двајцата в.д. директори на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска имаа средба со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на канцеларијата. На средбата е остварена можност од запознавање и да се истражи заедничката агенда која е со цел да обезбеди универзална здравствена заштита за населението на Македонија.
– СЗО ја препознава фундаменталната важност на улогата на Фондот за здравствено осигурување во остварувањето на глобалната заложба која е исто така важна за Македонија, а тоа е дека населението може да пристапи до здравствени услуги кога е потребно, без да има превисоки сопствени трошоци и земјата е способна да го постигне тоа во рамките на расположливите ресурси колку што е можно повеќе – изјави директорот Сашо Клековски.
СЗО и Фондот за здравствено осигурување кои работат со министерствата за здравство, финансии, давателите на здравствена заштита и други клучни чинители во ОН, развојните партнери, давателите на здравствени услуги, другите сродни сектори и заедницата ќе дадат приоритет на постигнување правичен пристап до универзална нега, промовирање, ефективно управување и употреба на достапни докази за планирање и спроведување на одржливо користење на буџетот за здравствена заштита во земјата сега и за идните генерации.