Фото: Маја Јаневска Илиева

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 17 до максимални 38 степени.

Според прогнозите, и во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време. Во одделни места дневната температура ќе достигне и до 40 степени, а во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.