Фото: Приватна архива на семејството Илиевски

Собрани се средствата потребни за операција на шестгодишната Ина Илиевска, беше соопштено вечерва преку Фејсбук, при што се нагласува дека во тек е затворање на броевите за донациите.

Во објавата е изразена огромна благодарност од семејството на Ина за сите што се вклучија во акцијата за собирање на паричните средства, покрената од родителите на девојчето. Семејството упати и апел за понатамошно донирање за оние кои имаат потреба.

На Ина Илиевска ѝ е потребна итна операција за отстранување на тумор во мозокот во болница во Турција, која чини речиси 34 илјади долари.

Здравствената состојба на Ина се влошила лани во мај, кога почнала да добива епилептични напади. Нејзината мајка Сања вели дека тогаш почнале да прават детални испитувања. Бил дијагностициран тумор во мозокот, за кој докторите потврдиле дека е бениген, но истакнале дека во иднина може да ѝ предизвика поголеми здравствени проблеми.