Фото: Маја Јаневска-Илиева

Како што Македонија напредува во реформите така го трасира својот пат кон ЕУ, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на платформата Икс (Твитер) по вечерашната средба со шефот на државата Стево Пендаровски во Скопје.

-Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик – наведе Фон дер Лајен изразувајќи задоволство што нејзината турнеја низ земјите од Западниот Балкан во следните три дена ја започнува токму од Скопје.