Кристијан Стаменов / Фото: Горан Анастасовски

Како што информира директорот на зоолошката градина, Кристијан Стаменов, во периодот што следува ќе се реновираат сите мостови што водат до ботаничката градина и таа ќе биде ставена во функција. Тоа е само еден мал дел од многубројните проекти што периодов ќе се реализираат во најпосетуваното место во Скопје

ГРАДЕЖНИ, САНАЦИСКИ И ЕСТЕТСКИ ЗАФАТИ НА ГРАД СКОПЈЕ ВО ЗОО-ГРАДИНАТА

Пролетта и убавото време речиси насекаде се мотив за „пролетна офанзива“ за чистење и разубавување на животната и работната средина, а и пошироката околина. Слично е и со јавните претпријатија, особено со оние чија работа е директно поврзана со природата и градските паркови. Во периодот што следува и во скопската зоолошка градина ќе се реализираат голем број проекти за разубавување и дотерување на зоолошката и на живеалиштата на животните.

Фото: Игор Бансколиев

МНОГУБРОЈНИ ПРОЕКТИ ВО ЗОО

Неодамна градските власти започнаа со реконструкција на патеките во зоолошката градина.
Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, почнаа со реконструкција на дел на патеките во зоолошката градина во Скопје. Се отстрануваа оштетените бекатон-плочки, по што ќе следуваат асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 квадратни метри.
Оттаму најавуваат дека во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите во живеалиштата на животните, како и инфраструктурата, која ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.
За повеќе детали се обративме во зоолошката градина, од каде што велат дека во периодот што следува ќе има голем број активности за разубавување на зоолошката.
Како што информира директорот на зоолошката, Кристијан Стаменов, во периодот што следува ќе се реновираат сите мостови што водат до ботаничката градина и таа ќе биде ставена во функција.

Кристијан Стаменов / Фото: Горан Анастасовски

– Ги обновивме патеките околу мршојадите и ќе започнеме со изградба на платформа за набљудување и хранење на жирафите. Ќе изведеме платформа за ҳранење слонови и ќе се реновираат покривните конструкции на живеалиштата – информира тој.
Тој најавува дела ќе се изгради објект за чување сено, „сенарник“, а исто така ќе се постави и нов систем за влез со триподи и карти со баркод, со што ќе се намалат редовите за влез во викендите и ќе се зголеми наплатата на билети. Исто така, ќе се реновира објектот за лавови и ќе се заменат сите платформи.

Беби-бум во Зоолошката градина во Скопје

– На среден рок во план е реновирање на живеалиштето на мечките, со што би добиле поголем простор и подобри услови за живеење на мечките, додека на долг рок е планирано реновирање и ставање во употреба на стариот објект на лавовите, но во облик на тропска куќа. Ќе се опфатат сите живеалишта и ќе се уредат сите надворешни живеалишта (ќе се постават нов песок и земја). Ќе се бојадисаат сите метални и дрвени огради и ќе се работи континуирано на одржување на зеленилото, како и на подигање нови садници и поставување цветни аранжмани – вели тој.

Фото: Горан Анастасовски

ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО КАЈ ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Граѓаните, секако, се доста задоволни од посетите и содржините во скопската зоолошка градина. Велат дека редовно ја посетуваат, оти навистина е место за едукација и рекреација. Дополнително, многубројни се пофалбите и за вработените во зоолошката градина, кои секогаш се услужливи и подготвени да им помогнат на децата доколку имаат прашања.

Беби-бумот во Зоолошка продолжува, добивме принова од двогрбите камили

– Речиси секој викенд сме во зоолошката, бидејќи на децата секогаш им се интересни животните. Дополнително, навистина е убаво за прошетка, децата уживаат кога се тука – вели Фросина Боевска.

Според неа, задоволство е кога и вработените секогаш се достапни за посетителите, кои имаат многу прашања, па секогаш се расположени за дружби и објаснување.

ФОТОГАЛЕРИЈА: По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња

– Кога сакаме да прашаме нешто, секогаш некој вработен ни помага, дали е тоа за живеалиштата или за животните, секогаш се достапни за да објаснат. Најчесто прашуваме каде се животните доколку не ги видиме, па тие срдечно ни објаснуваат – вели таа.

Се роди уште едно бебе гибон – реткост и во природата и во зоолошките

Токму затоа од ден на ден расте и бројката на посетители во зоолошката и со право таа е една од најубавите во регионот, за што доволен доказ е големиот број странски туристи што ја посетуваат.

[email protected]