фото: Приватна архива

Здружението на просветни работници на град Скопје ги прогласи просветните работници за учебната 2021/2022 година.
Здружението му додели признание на Раде Илиевски, професор по физичко и здравствено образование, за особен придонес во воспитно-образовната и хуманитарната дејност.

– Здружението на просветните работници на град Скопје, под претседателство на Катерина Митковска и целиот управен одбор, безрезервно и едногласно донесоа одлука да го добијам ова величествено признание и плакета. Длабоко ме изненадија со доделувањето на ова величествено признание и плакета за особен придонес во воспитно-образовната и хуманитарна дејност, за што сум им бескрајно и неизмерно благодарен – вели Илиевски.
Здружението на просветни работници на град Скопје е формирано 2000 година како стручно-научна, непартиска асоцијација и легитимен претставник на просветните работници на град Скопје.