Фото: Н.М.

Семафор за пешаците на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош„ и „Ферид Бајрам“ во исто време светат и црвено и зелено.
Од ЈП „Улици и патишта„ велат дека во претпријатието има дежурни работници кои од 6 до 22 часот секојдневно прават контрола и обиколка и мoментално ги сервисираат дефектите на семафорите.

-За пријавениот семафор на оваа крстосница веднаш испративме екипа да го санира дефектот. Честопати ваквиот тип на пријави ги добиваме од ЦУКС или ги воочуваат со контрола на семафоризираните кратосници во градот- велат оттаму. Д.Т.З.