По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската aсоцијација на туристички водичи и придружници в сабота организира бесплатено разгледување на градот Скопје.
Од Асоцијацијата информираат дека разгледот ќе се одржи во два термини со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.
– Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи – велат од Асоцијацијата.
Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.