Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.
– Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком“ и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија – соопштија од Општината.
Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193, за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.