По повод јубилејни 10 години соработка, Шпаркасе Банка АД Скопје со свои претставници, заедно со бренд-амбасадорот, музичката легенда Влатко Стефановски, како и маскотите Медо Штедо и Медена, пристигна во СОС Детско село, со цел врачување парична донација за потребите на селото, и на тој начин пренесе порака за градење силни врски на доверба и поддршка.
Во периодот од 19.08.2022 до 30.09.2022, со секоја новоотворена депозитна партија, Банката донираше по 600 денари, при што на крајот беше собрана донација во вкупен износ од 184.485 денари.
Дополнително, преку индивидуални финансиски донации од вработените на Шпаркасе Банка, секој месец и вработените донираат за потребите на СОС Детско село и на тој начин ја пренесуваат силната порака за значењето на индивидуалната филантропија.
-Горди сме на долгогодишната соработка со СОС Детско село и среќни сме што ја остваривме оваа донација онаму каде што е најпотребна и во духот на поддршката и хуманоста, како банка демонстриравме колективна одговорност што ќе продолжи и во иднина, и која, се надеваме, ќе инспирира и други компании да придонесуваат во интерес на пошироката заедница“ – изјави Маја Палчевска, директор за развој на производи и маркетинг на Шпаркасе Банка АД Скопје.
-Во 2012 година се воспостави стратегиско партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и СОС Детско село. Започнавме со многу љубов преку летен камп ‘Медо Штедо’ и секоја година заедно реализиравме иновативни проекти за обезбедување поддршка на програмите на СОС Детско село од страна на Шпаркасе Банка и воедно и вклучување на вработените во активности со децата. Посебно сме горди што 10 години Шпаркасе Банка е наш стратегиски партнер и што ова партнерството е пример за континуитет и стабилност што ни овозможува остварување на нашата мисија: Топол дом и љубов за секое дете – изјави Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село.
По запознавањето на претставниците на Банката со децата, присутните уживаа во краткиот акустичен концерт на музичкиот великан Влатко Стефановски, а потоа претставници од Банката и Медо Штедо и Медена ги едуцираа дечињата за улогата на банките, како и за штедењето и за тоа зошто е важно да се штеди. Потоа дечињата учествуваа во креативна работилница, во која изработија интересни новогодишни творби.
Шпаркасе Банка верува во поддршка кон заедницата, со цел подобрување на квалитетот на животот на децата без родители, згрижени во СОС Детското село. Истовремено, на овој начин Банката ја подига свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, поттикнува индивидуална филантропија, како и градење култура на солидарност и поврзување. Само со делување во практика може да се зацврснат имиџот и улогата на општествено одговорна банка.
(Комерцијана објава)